Свет
„Ќе умреш“ – турскиот министер упати порака до Нетанјаху по видеото од нападите во Газа
Турскиот заменик-министер за образование, Назиф Јилмаз, на „Твитер“ објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе умре.
„Еден ден ќе те застрелаат и тебе. Ќе умреш“, напиша Јилмаз како одговор на видеото објавено од Нетанјаху за израелските воздушни напади врз Газа.
Нетанјаху требаше да ја посети Турција во следните месеци откако го одложи патувањето во јули затоа што му беше вграден пејсмејкер, објави „Тајмс оф Израел“. Минатиот месец Ердоган се сретна со Нетанјаху во Њујорк на првата позната средба меѓу двајцата лидери.
Turkey’s deputy minister of education to Netanyahu: “You will die.” pic.twitter.com/PIpKedNsC4
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) October 11, 2023
Односите меѓу Израел и Турција се одмрзнаа минатата година по долгогодишно непријателство меѓу лидерите на двете земји, главно поради поддршката на Турција за Хамас, пишува весникот.
Неименуван висок турски функционер денеска изјави дека неговата земја, која историски имала контакти со Хамас, води преговори со цел ослободување на цивилите што ги држи палестинската милитантна организација.
„Турција води преговори за цивили што ги држи Хамас. Според наредбата на претседателот Ердоган, во тој процес се ангажирани соодветните институции“, изјави неименуваниот турски функционер, без да даде повеќе детали.
Петтиот ден од крвавите судири на Блискиот Исток однесоа повеќе од 2.300 животи. Според израелските и палестинските власти, во Израел се убиени повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати Палестинци е над 1.100. Повеќе од 5.000 беа ранети од двете страни на фронтот. Денеска почна шестиот ден од воените операции меѓу израелските воени сили и Хамас, а во војната е вклучена и либанската паравоена формација Хезболах, која е на страната на Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

