Македонија
(Видео) Кузеска: ММФ ја потврди успешноста на економските мерки и политики на СДСМ
Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ дојде од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 процента за 2023 година, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Проекциите за наредната година, како што рече, се дека македонската економија ќе расте за 3,2 проценти и овие проекции се на иста линија со проекцијата на Владата.
„Со преземените мерки и политики во изминатиот период македонската економија во тешки услови на глобална економска и енергетска криза и нарушени синџири на снабдување е отпорна и остварува раст.
Секако, пред нас има сè уште предизвици, но мерките и политиките се потврдува дека даваат очекуван резултат.
Исто така, инфлацијата во земјата продолжи да се намалува. Во септември инфлацијата падна на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период.
Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци и таа ќе продолжи да опаѓа“, додаде Кузеска.
Според неа, 11 последователни месеци инфлацијата се намалува и тој тренд ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто.
Наредната година, како што оцени, инфлацијата да се врати на стапките од 2-3 проценти како пред кризата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

