Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Скопје, во него удрил автомобил
Вчера, во 12.10 часот, во СВР било пријавено дека на улицата Боро Кралевски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. Р. (23) од Скопје, и мотоцикл „сим“, управуван од О. И. (56) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.