Спорт
Скандал: Заниоло и Тонали обвинети за нелегално обложување

Италијанските репрезентативци Николо Заниоло и Сандро Тонали се под полициска истрага бидејќи се обвинети за можна вмешаност во нелегално обложување.
Како што пренесуваат медиумите во Италија и Англија, двајца поранешни фудбалери на Рома (Заниоло) и Милан (Тонали) по разговор во полициска станица го напуштиле кампот на репрезентацијата во Коверчано, во близина на Фиренца.
Веста дека полициските истражители испрашале двајца фудбалери ја потврдија повеќе извори, а на крајот со соопштение излезе и Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
ФИГЦ ја потврдува полициската истрага и откри дека и Тонали и Заниоло се вратени во своите клубови и нема да играат на претстојните квалификациски натпревари против Малта и Англија.
Се тврди дека Заниоло се обложил на натпреварот на Рома во Купот на Италија кога бил член на оваа екипа.
Како што пренесува „football-italia.net“, иако Заниоло оттогаш се пресели во Астон Вила, а Тонали од Милан во Њукасл јунајтед, секоја забрана за кршење на правилата за обложување би била проширена на сите натпреварувања организирани од УЕФА и ФИФА.
Доколку се потврдат наводите, тогаш Заниоло би бил во особено тешка позиција, бидејќи обложувањето на сопствен тим е незаконско, што ги надминува правилата на системот на спортска правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анисимова во финалето на Вимблдон!

Американската тенисерка Аманда Анисимова е првата финалистка на Вимблдон, откако ја победи најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленко.
Во натпревар што траеше два часа и 38 минути, Анисимова славеше триумф со резултат од 2:1 (6:2, 4:6, 6:4).
Вториот полуфинален пар наскоро ќе биде на Централниот терен и ќе го сочинуваат Белинда Бенчиќ од Швајцарија и Ига Свионтек од Полска.
Фото/EPA/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY
Спорт
Стефан Ристовски потпиша за ФК Сараево

Стефан Ристовски, фудбалерот на Динамо Загреб, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Сараево.
Ристовски ги помина претходните четири години во Динамо, од каде што пристигна од лисабонски Спортинг, но на крајот од минатата сезона немаше продолжување на соработката.
Овој 33-годишник беше поврзуван со неколку клубови од Европа, а според хрватските медиуми, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Босна и Херцеговина, во Сараево.
Како што објави Германиак, Ристовски се договорил за сè со Сараево и се чека само официјална потврда дека овој десен бек е нов играч на клубот.
Се вели дека Зоран Зекиќ одиграл клучна улога во ова и дека успеал да го убеди овој искусен дефанзивец да ја продолжи кариерата во Сараево.
Тимот на Сараево се подготвува во Словенија, каде што Ристовски треба да му се придружи на тимот во наредните денови, освен ако не се случи неочекуван пресврт на настаните.
Ристовски почна во Вардар, но уште како млад замина во Парма.
Првпат пристигна во Хрватска пред десет години кога беше на позајмица во Риека, каде што остана.
Ја напушти Риека за Спортинг Лисабон, а се врати во Хрватска во летото 2021 година кога потпиша за Динамо.
Во дресот на загрепскиот клуб, тој одигра вкупно 185 натпревари во кои постигна седум гола и додаде 19 асистенции.
Тој одигра 81 натпревар за репрезентацијата на Северна Македонија и постигна два гола.
Фото/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Хендерсон го напушта Ајакс

Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон го раскина договорот со Ајакс и го напушта Амстердам по година и пол.
На Хендерсон му остана уште една година од договорот, но Ајакс денес соопшти дека клубот го прифатил барањето на играчот и го раскинал неговиот договор.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул им се заблагодари на клубот и навивачите, но не прецизираше зошто сака да го раскине договорот или какви се неговите планови.
Тој посочи дека поради неодамнешната смрт на неговиот поранешен соиграч Диого Жота во сообраќајна несреќа нема да дава објаснувања за одлуката.
„Со оглед на трагичните настани од изминатата недела и огромната загуба на мојот поранешен соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, не изгледа правилно да се каже или направи повеќе од оваа кратка изјава во овој момент. Сепак, целосно сум свесен дека им должам на овој клуб, на моите соиграчи и навивачите поцелосна и поперсонална благодарност. Секако, ќе го направам тоа кога ќе дојде време“, рече Хендерсон во соопштението.
Тој се приклучи на Ајакс минатиот јануари по неуспешни шест месеци во Ал Етифак од Саудиска Арабија.
Тој го водеше Ајакс како капитен, но тимот не успеа да го освои холандското првенство.
За време на неговата кариера, 35-годишниот Хендерсон играше и за Сандерленд и Ковентри.
Тој има одиграно 84 натпревари за Англија, постигнувајќи три гола. Тој се врати во тимот оваа година под водство на новиот тренер Томас Тухел.