Спорт
(Видео) Турција победи во Хрватска, Албанија ја прегази Чешка, Шпанија се мачеше но ја победи Шкотска

Фудбалската репрезентација на Турција славеше во Хрватска со 1:0 и направи голем чекор кон пласман ЕУРО 2024. Натпреварот на „Опус арена“ во Осиек беше прв на Винченцо Монтела како селектор на Турција.
Трет пат од распадот на Југославија, Хрватска загуби квалификациски натпревар за Европско или Светското првенство како домаќин.
По Англичаните во 2008 година и Шкотите во 2013 година, на хрвтаска почва се радуваа Турците.
Турците одигра одличен натпревар, од почетокот се наметнаа на теренот, пропуштија три шанси во воведните 12 минути. Ливаковиќ успеа да ги спречи тие обиди, но направи голема грешка во 30.минута кога му овозможи на Јилмаз да го постигне единствениот гол.
Турците сега имаат 13 бода на првата позиција во Д групата. Со натпревар помалку и 10 бода Хрватска е втора.
Во недела Хрватска гостува во Велс, а Турција ќе ја пречека Летонија.
Во групата А, Шпанија ја совлада Шкотска и го нанесе првиот пораз во квалификациите и тоа откако спектакуларниот гол на Мектомини беше поништен. Мората во 74. минута погоди за 1:0, а конечните 2:0 ги постави дебитантот Сансет во 86. минута.
Норвешка славеше на Кипар со 4:0, головите на Серлот, двапати на Халанд и Орснес.
Шкотска е прва со 15 бода од шест меча, Шпанија има 12 од пет меча и Норвешка 10 од шест меча.
Само чудо може да ги спречи албанските фудбалери да настапат на ЕП. Тие вечерва во Тирана ја победија Чешка во групата Е со 3:0.
Избраниците на бразилскиот селектор Силвињо играат одлично во овој циклус, а поведоа со фантастичен гол на Асани во деветтата минута. Во 40. минута Чесите останаа со десетмина, поради вториот жолт картон на Читил, а во продолжение Албанците постигнаа уште два гола. Сефери беше двоен стрелец во 51. и 73. минута.
Полска беше под голем притисок по очајните игри и смената на селекторот Фернандо Сантос, но успеа да слави со 2:0 на гостувањето кај Фарските острови. Стрелци беа Шимански во четвртата и Букса во 65. минута.
Албанија во ноември има дуели со Молдавија и со Фарските острови и се чини дека ја заврши работата околу пласманот на ЕП.
Албанија е лидер на табелата со 13 бода од шест меча, Полска има 9 бодови од шест меча, Чешка е на 8 бода од пет меча, Молдавија исто така има 8 бодови од пет меча, додека Фарските острови имаат само еден бод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кристал Палас исфрлен од Лигата на Европа, Нотингем Форест „упаѓа“

Европската фудбалска унија го исфрли Кристал Палас од Лигата на Европа и го „префрли“ во Конференциската лига!
УЕФА донесе одлука за исфрлање на Кристал Палас од Лигата на Европа поради кршење на правилата за повеќекратна сопственост на клубови во истото натпреварување. УЕФА, исто така, соопшти дека Кристал Палас може да поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.
Нотингем Форест, кој ја заврши сезоната на седмото место во Премиер лигата, ќе биде во Лигата на Европа.
Џон Текстор, сопственик на Кристал Палас и Олимпик Лион, кои се во подеднакво тешка состојба и моментално слават откако беше уважена нивната жалба против испаѓањето во Лига 2 во Франција, се обиде да ја измами УЕФА согласувајќи се да го продаде својот удел од 41 процент во Кристал Палас. Тој исто така ги искористи истите пари за да се обиде да го реши проблемот со Лион. Проблемот со Лион очигледно беше решен со овие пари.
Продажбата не е формализирана, проверките во Премиер лигата сè уште траат, а секако до тоа дојде предоцна. Рокот поставен од УЕФА беше 1 март.
Спорт
(Видео) „Би бил тажен ако ова беше мојот последен натпревар“: Ѓоковиќ е јасен дали планира да ја заврши кариерата сега

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, упати охрабрувачки зборови по поразот од Јаник Синер (6:3, 6:3, 6:4) во полуфиналето на Вимблдон.
„Имав доволно проблеми. Не се чувствував удобно на теренот. Не сакам да зборувам детално за повредата и да се жалам дека не можам да играм онака како што знам. Само сакам да му честитам на Јаник за неговата игра. Тој е во финалето, беше премногу добар. Разочаран сум што не можев да се движам колку што би сакал“, рече Ѓоковиќ по натпреварот.
Тој ја спореди оваа повреда со онаа на Австралија Опен оваа година кога го загуби полуфиналниот натпревар од Александар Зверев.
„Не мислам дека е лоша среќа, туку само возраст. Телото е истрошено… Колку и да се грижам за тоа, тоа е реалност, во последните година и пол го чувствував како никогаш досега. Тешко ми е да го прифатам тоа, бидејќи мислам дека кога сум здрав, сè уште можам да играм навистина добар тенис. Го докажав тоа оваа година, но мислам дека играњето натпревари во три сета оваа година е навистина проблем за мене, физички. Колку подолго трае турнирот, толку полошо станува. Успевам да стигнам до финалето, стигнав до полуфиналето секој пат кога бев на грен слем турнирите оваа година, а потоа се соочувам со Синер или Алкараз… Тие се подготвени, млади, остри. А јас влегувам во тие натпревари со половина резервоар и невозможно е да се победи таков натпревар. Така е. Тоа е едно од оние нешта што морам да ги прифатам и да се справам со реалноста на ситуацијата и да го извлечам најдоброто од тоа.“
Тој ги охрабри навивачите велејќи дека планира да се врати на Вимблдон. Ѓоковиќ јасно зборуваше за тоа дали планира да ја заврши кариерата сега.
„Би бил тажен ако беше последен, но се надевам дека нема да биде. Планирам да се вратам барем еднаш, не планирам да ја завршам кариерата денес.“
Тој не се откажува и покрај проблемите.
„Не знам, токму сега излегов од теренот и тешко е да се погледне сè од поширока перспектива и да се види каков е планот за следните неколку месеци, а камоли за една година. Направив сè што можев, во однос на тренингот и подготовките, за да играм најдобро на Грен слем турнирите. И мислам дека без оглед на фактот дека не освоив Слем турнир оваа или минатата година, мислам дека го играм мојот најдобар тенис на Слем турнирите. Тие турнири се она што најмногу ми е грижа во овој момент од мојата кариера. Значи, да… Морам да разгледам сè со мојот тим и семејство и да видам што сакам да правам со мојот распоред, каде што можам да бидам на својот врв… Сепак, не знам што можам да направам подобро. Часовите што ги поминувам грижејќи се за моето тело… За жал, повредите ме стигнуваат, не сум награден за тоа сега, но бев наградуван за тоа многу години. Сега ми се чини како несреќа, но Бог и животот ми донесоа толку многу во животот, што би било непристојно од мене кон Бога, моето тело и сè што ми се случи во кариерата, да почнам да се жалам на повреди сега. Здрав сум толку долго. Сега морам да го искористам максимално она што ми остана. Да, сега сум разочаран и лут, најмногу не поради поразот, бидејќи дури и да бев здрав, не бев фаворит против Синер, го знам тоа, но мислам дека имав добри шанси ако бев здрав. Тој физички аспект ме мачи. Таму си, сакаш да играш, си одлучен, но твоето тело не сака да слуша и тоа е тоа.“
Тој не размислуваше да му го предаде натпреварот на Синер поради повредата.
„Воопшто не размислував да не излезам на теренот, бидејќи не се чувствував толку лошо, во смисла дека не можев да стојам на нозе. Вчера не можев да тренирам, денес успеав да тренирам, да се загреам и чувството беше добро. Добро, со оглед на тоа што не тренирав вчера и што се случи во последниот натпревар. Имаше неизвесност за тоа како ќе се однесува мојата нога денес, но загревањето помина добро. Во однос на играњето од место, не трчав премногу, но штом го започнавме натпреварот, на средината од првиот сет, имаше неколку подинамични движења на страната на форхендот каде што морав да се туркам со левата нога и таму почувствував вознемиреност. Првите 6, 7 гема беа во ред, но по тие неколку ситуации во тој еден гем, повеќе не. Не се грижам дека ова може да ме држи надвор од теренот предолго. За жал, во последно време имав многу мускулни истегнувања и повреди и успеав релативно брзо да се вратам. Верувам дека до УС Опен ќе можам да се доведам во ред да бидам во оптималното ниво за играње. Тоа е тоа“.
Спорт
(Видео) Јаник Синер ќе го игра своето прво финале на Вимблдон откако го победи Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, беше поразен во полуфиналето на Вимблдон од Јаник Синер со 6:3, 6:3, 6:4.
Синер се пласираше во своето прво финале на Вимблдон.
Новак никогаш претходно не доживеал нешто вакво на Вимблдон. Италијанецот играше на начин што ги натера сите да се прашуваат дали воопшто е повреден.
— Ricardo Kaka (@rikardons) July 11, 2025
Синер направи брејкови во третиот и деветтиот гем од првиот сет, во кои ја искористи третата шанса за водство од 0:1.
Италијанецот го направи единствениот брејк во вториот сет во вториот гем, додека Ѓоковиќ го започна третиот сет подобро.
Српскиот тенисер поведе со 3:0 по раниот брејк, но Синер ги доби следните пет последователни гема.
Италијанецот имаше две меч топки на сервисот на Ѓоковиќ во деветтиот гем, кои не ги искористи, но во следниот гем ја реализираше својата вкупнo четврта шанса за победа.
Standing ovation for Novak Djokovic as he exits after his defeat at Wimbledon 👏 pic.twitter.com/bfEqXwc3DG
— SportsCenter (@SportsCenter) July 11, 2025
Синер, трикратен грен слем шампион, ќе се бори во недела против вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, за својата прва титула на Вимблдон.
За италијанскиот играч, стигнувањето до финалето е неговиот најдобар резултат на единствениот Грен слем на трева.
Ѓоковиќ останува на рекордни 24 Грен слем титули, од кои седум ги освои на Вимблдон.
Титулата ја брани Алкараз.