Свет
(Видео) Илјадници Палестинци бегаат од северот на Газа по наредбата на израелската војска за евакуација

Палестинците почнаа масовен егзодус од северна Газа, откако израелската армија им нареди на жителите да се евакуираат во јужниот дел од енклавата, во наредбата без преседан пред очекуваната копнена офанзива против владејачката милитантна група Хамас.
Илјадници Палестинци, кои живеат на северот на територијата од 362 квадратни километри под контрола на Хамас, ја напуштаат со автомобили, мотори, камиони или пеш, пишуваат француските медиуми.
BREAKING: Footage shows Palestinian civilians fleeing Gaza following the 24-hour evacuation warning from the Israeli military.
Latest ➡️ https://t.co/4anxnWzvGz
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/jLIdyQsylj
— Sky News (@SkyNews) October 13, 2023
ОН предупредија дека ќе биде катастрофа да избегаат толку голем број луѓе во толку кус период, бидејќи наредбата се однесува на околу еден милион луѓе, или половина од населението во Газа.
Хамас, кој минатата сабота организираше шокантен и брутален напад врз Израел и оттогаш истрела илјадници ракети на израелска територија, ја отфрли израелската наредба за евакуација како измама и ги повика жителите да останат во своите домови.
Наредбата за евакуација на градот Газа, дом на стотици илјади Палестинци, предизвика голема паника меѓу цивилите и хуманитарните работници, кои веќе бегаат од израелските воздушни напади и се соочуваат со целосна опсада на Газа, каде што се прекинати снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и други потреби.
-Заборавете на храната, струјата, горивото. Единствената грижа сега е дали ќе преживеете, изјави Небал Фарсах, портпаролка на палестинската Црвена полумесечина во градот Газа.
Израелската армија ги повика цивилите во северниот дел на Газа да се преселат на југ, наредба што се однесува на 1,1 милион луѓе, наведува ОН.
Доколку се спроведе оваа наредба, тоа би значело дека целото население на енклавата би било натрупано во јужниот дел на појасот, долг само 40 километри. Израелските воздушни напади денеска продолжија врз населбите низ јужниот дел на Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев.
– Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17 часот и 15 минути на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да не заштитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи, напиша Зеленски на платформата Х.
Зеленски во објавата не дава никави назнаки дали и Украина ќе го прекине огнот за Велигден.
Рускиот претседател Владимир Путин попладнево објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објави Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Свет
Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ.
– Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот [по московско време] до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Путин истакнал дека руските војници, сепак, мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Киев. Мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација на непријателот, секоја негова агресивна акција, нагласил рускиот претседател.
Москва очекува украинската страна да го следи нивниот пример. Киев сè уште официјално не го коментираше прогласеното примирје.
Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.