Македонија
Посебен режим на сообраќај утре и во среда во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје, на 15.10.2023 година (недела), во периодот од 09.00 до 14.00 часот ќе се одржи генерална проба по што затворени за сообраќај ќе бидат следните крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.Главниот настан ќе се одржи на 18.10.2023 (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот по што затворени за сообраќај ќе бидат следните крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз
Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот протест за проблемите со јавниот превоз.
Од Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) беа испратени барањата до Град Скопје, меѓу кои отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти, набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, како и надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативните видови на транспорт.
Говорниците на протестот истакнаа дека по спроведена анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.
Дополнително, 93,6 отсто од студентите изразиле незадоволство од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.
Кон протестот се приклучи и Сојузот на средношколци.
Берим Мухамед изјави дека веќе две години Сојузот на средношколците се залага јавниот скопски превоз да биде фер за сите.
Тој рече дека иако на учениците од приватните училишта не им било дозволено да имаат бесплатен превоз, и тие од државните останале без превоз.
Од Сојузот велат дека учениците не треба да отсуствуваат од часови, и половина од класовите биле празни поради проблемите со ЈСП.
На протестот зборуваше и градоначалникот на Шуто Оризари, Курту Дудуш кој упати повеќе барања до Арсовска и ја повика да покаже политичка зрелост и да понесе одговорност.
По вчерашната владина одлука да му позајми на Градот од државните резерви на нафта, автобускиот сообраќај денес е вратен во нормала.
Македонија
Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска, наглсувајќи дека доколку не им бидат исполнети протестите ќе продолжат и следната недела.
Дудуш рече дека само во Шуто Оризари над 90 посто од линиите ги возат приватни превозници и граѓаните немаат пристап до јавниот превоз.
„Рековте неумесно е граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз еден ден поради недостаток од нафта. Според вас, која е замената за зборот неумесно за граѓаните на Шуто Оризари кои 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Јас би рекол зборот е расистички. Расистички, дискриминаторски и нехумано е да оставите 40.000 граѓани без јавен превоз“, порача градоначалникот од протестот.
На Арсовска и испрати порака и да ги праша возачите од селската линија 61 која поминува низ Шуто Оризари на 3 километри од почетокот на општината колку граѓани ја користат како алтернативен превоз.
„Немате залепено на автобусите на ЈСП, ‘забрането за Роми’, ама не мора“, рече Дудуш додавајќи дека и денес кога некои линии сообраќаат низ Скопје по вчерашниот хаос со недостатокот од нафта, во Шуто Оризари повторно нема автобуси.
Тој ја повика градоначалничката да понесе одговорност и да покаже политичка зрелост.
Повика итно да се постапи по возниот ред објавен на страната на ЈСП, а Арсовска да ги подмири и долговите кон приватните превозници, но и да пушти нови автобуси.
Меѓудругото Дудуш рече и дека граѓаните на оваа општина се’ уште чекаат изградба на паркови и булевари, како и вработувања на Роми во градската администрација.
Македонија
Во Собранието доделена државната награда „22 Ноември“
Во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ го додели признанието на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјата кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2024 година се проф. д-р Авзи Мустафа, педагог и проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.