Спорт
Свирежи до Хендерсон, Саутгејт: Каде оди ова?
Герет Саутгејт, селекторот на Англија, изјави дека не ги разбира свирежите на навивачите упатени кон капитенот Џордан Хендерсон за време на натпреварот против Австралија, кој европскиот вицешампион го доби со 1:0.
Хендерсон беше исвиркан кога ја напушта играта во 63. минута. Саутгејт беше разочаран од однесувањето на дел од навивачите.
„Навистина не разбирам. Џордан е фудбалер со 79 натпревари за Англија, неговата посветеност и она што го донесе во репрезентацијата е исклучителна. Неговата улога на теренот и надвор од него е неверојатно важна. Тој зеде млади играчи како Белингем под своја закрила. Тој е пример за овој тим во секоја смисла и заслужува поддршка. Навистина не знам каде оди ова. За мене не е разумно да се омалуважува играч кој го дава срцето и душата за Англија. Како тоа ќе му помогне нему или на тимот?“, јавно праша Саутгејт.
Англиските медиуми тврдат дека некои навивачи го исвиркувале Хендерсон затоа што решил да замине во Саудиска Арабија каде игра за Ал Етифак.
Некои навивачи сметаат дека поранешниот капитен на Ливерпул згазил се за што се залагал претходно со тоа што отишол во Саудиска Арабија и ја поддржал како земја кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година.
Хендерсон заработува 40 милиони евра по сезона во Ал Етифак, а неговиот договор е до јуни 2026 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос
Инцидент го обележа крајот од натпреварот меѓу Партизан и Олимпијакос во Евролигата. Партизан победи со 78:70, а инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот.
Тренерот на гостите Јоргос Баркокас беше турнат од еден навивач на Партизан кој влезе на теренот. Во тој момент настана мешаници, но се брзо заврши.
„На крајот од натпреварот, овој навивач на Партизан дојде до центарот на теренот и го нападна тренерот на нашиот тим. Олимпијакос веднаш го извести комесарот на натпреварот и Евролигата за овој неверојатен инцидент“, соопшти Олимпијакос.
Барцокас го коментираше инцидентот на прес конференцијата.
„Тоа е проблем на Евролигата. Еден од помошните тренери на Партизан цело време и доврлаше на нашата клупа. Немам проблем со Тајрик, туку со него, а потоа ме турна навивач”, изјави Баркокас.
Tension at the end of the game Partizan vs Olympiacos between Tyrique Jones and coach Bartzokas pic.twitter.com/VHMy2A2Jcb
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 28, 2024
Спорт
(Видео) Спектакуларно Ел класико, Реал по две продолженија победи во „Блауграна“
Спектакуларно „Ел Класико“, прво оваа сезона во Евролигата, одиграа Барселона и Реал. По две продолженија победи тимот од Мадрид со 90:97 и ја забележа првата победа на гостински терен од почетокот на Евролигата.
Барселона во регуларниот тек беше поблиску до победата, најпрви Каталонците испуштија девет поени предност, успеаја да се вратат, имаа водство 74:71 на девет секунди до крајот, кое го поништи Кампацо со тројка на секунда до крајот.
FACU TAKES IT TO OT 🤯🤯🤯@RMBaloncesto #RivalrySeries pic.twitter.com/iVxqXZa5aT
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 28, 2024
Во второто продолжение при резултат 84:84, Реал имаше шанса за победа, но Муса не беше прецизен. Во второто продолжение се се одвиваше по нотите на Кампацо и на крајот Реал успеа да слави.
Најдобри во редовите на Реал беа Еди Таварес со 24 поени и 18 скока. Марио Хезоња со 23 и Факундо Кампацо со 18 поени и 10 асистенции.
Барселона ја предводеа Кевин Пантер со 27 поени, Јан Весели со 20 и осум скока, а двоцифрен беше и Џабари Паркер со 11 поени.
Спорт
(Видео) Прва победа заЈунајтед во ерата на Аморим, Рома во 91.минута освои бод кај Тотенхем
Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа до првиот триумф во ерата на Рубен Аморим. По неуспехот против Ипсвич во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ го победија Боде/Глимт со резултат 3:2.
Херој на победата на домашните по пресврт во мечот во кој беа фаворизирани беше Расмус Хојлунд. Гарначо го доведе Јунајтед во водство, пред гостите да направат целосен пресврт преку Ивенен и Зинкернагел во 23. минута.
Откако веќе му асистираше на Аргентинецот за гол во првата минута од натпреварот, Хојлунд успеа да го одведе тимот на пауза без негатива, а потоа да го постави конечниот резултат со својот втор гол во 50. минута.
Драматична победа забележа Фенербахче во Прага. Турскиот тим ја победи Славија со резултат 2:1.
Чешкиот претставник поведе со голот на Томаш Чори, изедначи Един Џеко во 35. минута.
Три бода на Фенер му обезбеди Јусуф Ен Несири погоди на асистенција на Душан Тадиќ во 85. минута.
Тотенхем не успеа да ја победи Рома и покрај тоа што во второто полувреме три пати ја погодија рамката на голот. Натпреварот заврши без победник 2:2.
Се започна со пеналот на Хеунг-мин Сон во петтата минута, а Еван Ндика го врати резултатот на почеток во 20. минута Вториот гол за домашниот тим го постигна Бренан Џонсон во 34. минута. Рома до бод дојде во судиското надополнување во вториот дел, кога Матс Хумелс го победи Фрејзер Форстер.
Лига Европа, 5. коло
Андерлехт – Порто 2:2 (0:1)
/Дегриф 52, Амузу 86 – Галено 24П, Виеира 83/
Атлетик Билбао – Елфсборг 3:0 (3:0)
/Боиро 6, Прадос 24, Гурузета 53/
АЗ Алкмар – Галатасарај 1:1 (1:1)
/Mијнанс 2 – Копминерс 45 аг./
Бешикташ – Макаби Тел Авив 1:3 (1:2)
/Силва 38 – Каниковски 23, Перец 45+3, Патати 80/
Динамо Киев – Викторија Пилсен 0:2 (0:0)
/Видра 55, Шулц 90/
Лацио – Лудогорец 0:0
Карабаг – Олимпик Лион 1:4 (0:1)
/Пери 88 аг. – Микаутадзе 15, 80, Толисо 63, Фофана 68/
РФС – ПАОК 0:2 (0:1)
/Десподов 2, Чалов 59/
Брага – Хофенхајм 3:0 (2:0)
/Бруно 2, Фернадес 8, Карваљо 90+5/
ФЦСБ – Олимпијакос 0:0
Ференцварош – Малме 4:1 (2:1)
/Варга 8, 11, Боргес 53, Сисе 74 – Бодхеин 18/
Манчестер Јунајтед – Бодо Глимт 3:2 (2:2)
/Гарначо 1, Хојлунд 45, 50 – Евјен 19, Зихернагел 23/
Митјиланд – Ајнтрахт 1:2 (0:1)
/Колинс аг – Ларсон 7, Мармус 57 п/
Ница – Ренџерс 1:4 (0:3)
/Буанани 83 – Черни 35, Дијаманде 38, Игамане 45+3, 54/
Реал Сосиедад – Ајакс 12:0 (0:0)
/Барнеќеа 67, Кубо 85/
Славија Прага – Фенербахче 1:2 (1:1)
/Чори 7 – Џеко 35, Ен Несири 85/
Тотенхем – Рома 2:2 (2:1)
/Син 5П, Џонсон 33 – Ендика 20, Хумелс 90+1/
Твенте – Сент Жил 0:1 (0:1)
/Фусејни 11/