Свет
Поранешниот лидер на Хамас за масакрот на израелските цивили: И тие се непријатели

Поранешен лидер на Хамас рече дека она што милитантите го направија минатата сабота е „обид да се стави крај на израелската окупација“ и дека е „горд“ на нив.
Во интервју за турската телевизија Хабертурк, Калид Мешал додаде дека конфликтот не започна минатата недела, туку во 1948 година. „Израел велеше дека нивната војска е најсилна и непобедлива. Кога видовме дека се поразени за неколку часа, и ние бевме изненадени“, рече тој.
На прашањето за нападите на милитантите на Хамас врз цивили, деца и постари лица, тој рече: „Постојано им велевме да не го прават тоа. Но, во време на војна, овие инциденти можат да се случат. Зарем тоа не е она што Израел секогаш го кажува, дека не убиваше цивили намерно?“
На прашањето дали Хамас го направил истото за кое го обвинува Израел, Мешал рече дека има „голема разлика“: „Ние сме сопственици на оваа земја. Кога непријателот доаѓа однадвор, без разлика дали се војници или цивили, сите тие се непријатели. Секој кој доаѓа во мојата земја да ја окупира е непријател и тој е виновен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Камерата ги снимила последните моменти на студентката Сара пред убиството

Видеото од надзорна камера на бензинската пумпа е емитувано ексклузивно на „Тг1“, а на него се прикажани последните моменти од животот на студентката Сара Кампанела.
На видеото се гледа како Сара Кампанела и Стефано Аргентино заедно пешачат на кратко растојание во близина на стадионот Гази во Месина. Двајцата поминуваат зад бензинска пумпа. Потоа, дваесетина секунди исчезнуваат од кадарот, можеби потоа застанале да разговараат.
Сара потоа се гледа како оди и продолжува кон автобуската станица, кога и се придружува Сатефано. Набргу потоа ја избол со нож, а потоа избегал.
Il femminicidio di #SaraCampanella a #Messina. Interrogatorio di garanzia in carcere per Stefano Argentino. In esclusiva al Tg1 il video degli ultimi minuti di vita della ragazza.#Tg1 Lorenzo Santorelli pic.twitter.com/7cqLuv5oMB
— Tg1 (@Tg1Rai) April 2, 2025
Таа починала истата вечер со две убодни рани.
Очигледно трето лице му помогнало да избега. Откако ја избол Сара, младиот човек стигнал до Ното и се засолнил во пансион во сопственост на неговата мајка.
„Лесно избега веднаш по настанот, додека можеше да смета на поддршка од трети лица, кои во моментов се идентификуваат, за да му ги покријат трагите“, се вели во соопштението на обвинителството.
Млад човек од истиот колеџ го видел убиството, се обидел да стигне и да го фати убиецот, но за жал не успеал.
Полицијата се уште трага по оружјето со кое била убиена Сара.
Сара по нападот веднаш со автомобил била пренесена во болница, но лекарите не можеле да направат ништо бидејќи изгубила премногу крв.
Полицијата смета дека мотив за убиството била невозвратена љубов, поточно Стефано бил заљубен во Сара, а таа не сакала да биде со него, по што тој ја демнел.
Полицијата продолжува да го истражува злосторството.
Свет
„Таа вест е ѓубре“ – Белата куќа реагира на објавата на „Политико“ дека Маск си заминува

Американскиот медиум „Политико“ претходно денеска објави дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рекол на своите блиски соработници дека милијардерот Илон Маск наскоро ќе ја напушти владината функција.
Белата куќа ја нарече веста „ѓубре“, а портпаролката на Трамп, Керолин Ливит, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека Маск „ќе го нема кога ќе ја заврши својата работа“, иако таа не прецизираше временска рамка.
Должината на улогата на Маск во Одделот за владина ефективност, каде што тој ги надгледува големите намалувања на американската влада, никогаш не била јасно дефинирана.
Маск има статус на „специјален вработен во владата“, што му ја ограничува службата на 130 дена годишно. Во неодамнешното интервју за Фокс њуз, Маск рече дека верува оти службата ќе го заврши најголемиот дел од работата во таа временска рамка.
Извештајот на „Политико“ доаѓа откако Маск доживеа голем политички неуспех на изборите во Висконсин, каде што потроши 20 милиони долари за поддршка на конзервативен судија кој загуби во трката за место во највисокиот суд во државата.
Свет
(Видео) Маж спасен од урнатините 5 дена по земјотресот во Мјанмар

Млад човек (26) е извлечен жив од урнатините на хотел во Мјанмар, пет дена откако разорниот земјотрес срамни со земја цели населби и уништи храмови, мостови и автопати.
Заеднички спасувачки тим од Мјанмар и Турција по полноќ го пронашле 26-годишникот во урнатините на зградата во главниот град Најпидав, соопштија противпожарната служба и владејачката хунта во земјата.
Повеќе од 2.700 луѓе загинаа во катастрофата, а бројот на жртвите се очекува да надмине 3.000.
Агенциитеги повикаа другите земји да ја зголемат помошта пред монсунските дождови, пишува Гардијан.
Во близина на епицентарот, во опустошените градови Мандалеј и Сагаинг, трауматизираните преживеани спиеле на улиците, додека се шири смрдеата на трупови заробени под урнатините.
Има недостиг од вода, храна и лекови, а монсуните би можеле да ја погодат земјата веќе во мај.