Спорт
Ферстапен: Сакам да го купам Ферарито на Шумахер
Макс Ферстапен, трикратниот светски шампион во Формула 1, изрази желба да го купи Ферарито со кое го возеше Михаел Шумахер.
Холанѓанецот, истакна дека никогаш немал идоли.
„Сакам да го имам Ферарито на Шумахер како сувенир“.
Германецот освои седум титули во кариерата и заедно со Луис Хамилтон е на чело на вечната листа. Многумина веруваат дека токму Ферстапен може да им се придружи, а можеби и да ги надмине.
Макс е дел од Ред Бул од почетокот на кариерата во 2016 година и со овој тим е обврзан со договор до 2028 година.
„Ќе видиме што ќе се случи, но искрено би сакал да ја завршам кариерата во Ред Бул. Тоа е мојата куќа, таму се чувствувам најдобро“, изјави Ферстапен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракометарките поразени на стартот на Европското првенство
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Европското првенство. Во Дебрецин Македонија загуби од Шведска со 18:28 (7:15).
Македонија против фаворитот се држеше само во првите 20.минути, коаг имаше минус од два гола (7:9). Од тој момент македонските ракометарки влегоа во „црна дупка“ 19 минути не постигнаа гол, Швеѓанките стекнаа двоцифрена предност и тука практично натпреварот заврши.
Во последните 15.минути, кога шведскиот селектор ги повлече ракометарките од стратната постава, Македонија дојде до здив и на крајот загуби со 10 гола.
Светла точка во репрезентацијата на Македонија беше голманката Јована Мицевска, имаше 10 одбрани од кои неколку во вториот дел беа спектакуларни. По три гола постигнаа Младеновска, Кипријановска, Ристовска и Јанкуловска.
Шведска ја предводеше Хагман со девет гола.
Во второто коло, на 30.ноември, Македонија ќе игра против Турција, која претходно загуби од Унгарија со 24:30.
Спорт
Еурофарм Пелистер (очекувано) поразен од Веспрем
Фото/ rkeurofarmpelister.com
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз од Веспрем 33:26 (20:11), во деветото коло во Лигата на шампионите.
Веспрем, најсериозниот кандидат покрај Барселона за освојување на трофејот оваа сезона, ја демонстрираше класата во првиот дел. Од стартот играчите на Чави Пасквал го наметнаа својот ритам, одминута во минута ја зголемуваа предноста, во 18.минута разликата беше двоцифрена.
Во вториот дел играчите на Пелистер пружија посилен отпор, дури и го добија овој период со два гола. На крајот доживеја пораз со седум гола разлика. Интересно со истата разлика заврши и соочувањето на двата тма во Битола (30:23).
Косоротов и Фабрегас беа најефикасни кај Веспрем со по седум гола. Кај Пелистер се истакнаа Кузмановски со шест, односно Радивојевиќ и Тајник со по пет гола. Одличен на голот со 11 одбрани беше Митревски, неговиот колега Ивиќ кој бранеше во вториот дел од второто полувреме забележа три интервенции.
По девет кола, Пелистер се наоѓа на претпоследното место во А групата со четити бода колку што има и Висла. Веспрем со 16 бодови ја предводи групата.
Спорт
Македонија напредуваше две места на ФИФА листата
Фото/ ffm.mk
Втор месец по ред фудбалската репрезентација на Македонија напредува на ФИФА листата. На најновата „скокна“ две позиции и во поредкот на најдобрите светски репрезентации се наоѓа на 67.место.
Во ноември, Македонија забележа две победи во Лигата на нации, против Латвија и Фарски Острови. Лигата на нации Македонија ја заврши на првото место во својата група и избори пласман во Б-дивизијата.
Инаку, во Топ 10 се врати Германија, а испадна Колумбија, останатите девет селекции се истит од минатото рангирање, со одредена промена на позициите. Аргентина е прва пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил, Португалија и Холандија, скокнаа за едно место, сега се на шестото и седмото, а Белгија падна за две позиции и сега е осма, Италија го задржа дветтото место, а десетта е Германија.