Свет
Бајден првпат го предупреди Израел
Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел да не ја окупира Газа во еден од неговите најзначајни јавни повици за воздржаност додека Израелците одговараат на терористичките напади од Хамас овој месец.
Во интервју за „60 минути“ на Си-би-ес, Бајден рече дека би било огромна грешка Израел да ја окупира Газа. Израел сигнализира дека се подготвува за копнена инвазија на Газа, иако расте хуманитарната криза во крајбрежната палестинска енклава. Бајден повика на заштита на цивилите, а САД работат на ублажување на недостигот од храна, вода и гас, рече тој.
„Она што се случи во Газа, според мене, е вина на Хамас, а екстремните елементи на Хамас не го претставуваат целиот палестински народ“, му рече Бајден на новинарот Скот Пели. Бајден рече дека верува оти Хамас треба целосно да се елиминира, „но треба да има палестинска управа“. „Мора да постои пат до палестинска држава“, рече тој.
Претходно вчера, Бајден рече дека САД се способни воено да ги поддржат и Украина и Израел.
„Ние сме Соединетите Американски Држави, најмоќната земја во светот – и не само во светот, туку и во историјата на светот“, рече Бајден на прашањето дали војните во Израел и Украина се преголем товар за САД.
„Можеме да се грижиме за двете и да ја одржиме нашата севкупна меѓународна одбрана“, рече Бајден. „Ние сме способни за тоа и тоа е наша должност“, додаде тој, опишувајќи ги САД како „важна нација“. „Ако ние не сакаме, кој ќе?“ – праша претседателот во снимен разговор во петокот.
По руската инвазија на Украина, САД обезбедија помош во вредност од 44 милијарди долари. Израел редовно добива воена помош од милијарди долари, а добар дел од тоа се троши на проектили. Бајден неодамна најави дека ќе побара од Конгресот поголема помош за Израел. Подготвено е и барање за помош на Украина, но Претставничкиот дом во моментот е блокиран бидејќи нема претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

