Свет
(Видео) Член на Хамас си ја сними сопствената смрт

На социјалните мрежи се појави видео од милитант на Хамас како си ја снима сопствената смрт за време на ненадеен напад врз јужен Израел минатата сабота. Имено, на видеото се гледа како некој пука од заседа кон група членови на Хамас, кои минувале низ населбата. Притоа погоден е и припадник на Хамас, кој го снимал нападот.
Footage has been released showing a Hamas Terrorist having Filmed his own Death during the Suprise Attack on Southern Israel last Saturday; the Group of Hamas Terrorist appear to be walking through a Settlement as they are Ambushed and Liquidated by an Unknown Gunman. pic.twitter.com/KduyF2TbbI
— OSINTdefender (@sentdefender) October 15, 2023
Хамас масакрира израелски цивили на 7 октомври кога упадна на музички фестивал и го изврши најлошото крвопролевање во израелската историја. Досега, повеќе од 1.400 луѓе загинаа во Израел, вклучувајќи 286 војници. Од друга страна, повеќе од 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа.
Повеќе од 1.000 луѓе се под урнатините во Газа, објави палестинската цивилна одбрана. Во соопштението цивилната одбрана рече дека тимовите извлекле многу преживеани од урнатините во рок од 24 часа откако зградите беа погодени од израелски бомбардирања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Откажани стотици летови и затворени јавни паркови во Кина поради силните ветрови и заканата од песочна бура

Пекинг откажа стотици летови и ги затвори јавните паркови поради силните ветрови и заканата од песочни бури.
Некои делови од земјата ги забележаа своите најмоќни ветрови во последниве 75 години, со брзина до 148 км на час.
Невремето собори стотици дрвја, коштетени се автомобили и постари домови низ главниот град на Кина.
Двата огромни меѓународни аеродроми, Пекинг Капитал и Даксинг, откажаа 693 летови до 14 часот по локално време, со предупредувања за лоши временски услови на патот, особено во северниот дел на земјата и покрај крајбрежните области.
Повеќе летови и возови беа откажани во другите делови на Кина.
Откажани се и фудбалските натпревари и другите настани на отворено.
Регион
(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.
Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.
Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.
Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.
Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.
Регион
Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на власта.
Студенти и граѓани пешачејќи и возејќи велосипед од Ниш синоќа пристигнаа во Нови Пазар каде денеска се одржува 12-часовниот голем собир „Слободата владее со чаршијата“. Предвидено е да започне во 11 часот пред Државниот универзитет и да трае до 23 часот. На студентите синоќа им беше приреден спектакуларен пречек, а како подарок на градот донесоа бел гулаб, симбол на мирот. Кон Нови Пазар организирано се упатија и граѓани од Крагуевац, но и моторџии од Војводина и Белград.
Паралелно, во Белград се одржува собирот под мото „Не ја даваме Србија“. Програмата ќе започне околу 13 часот, а централниот собир е пред Народното собрание во 19 часот.