Македонија
„Герасимовски одобри да се гради кај „Tреска” спротивно на препораката на ДКСК“, велат од Левицата
„Иако Јавното обвинителство води истраги за имотот на фабриката ‘Треска’ во општина Центар поради што антикорупциската комисија се изјасни дека на просторот на ‘Треска’ не смее да има градежни активности додека траат двете истраги – просторот на бившата фабрика забрзано се расчистува за градење, а веќе е издадено и одобрение за еден од објектите и се работи на ископот“, соопшти Левицата.
„Да потсетиме дека гигантот за производство на мебел ‘Треска’, во кој работеа над 600 работници, отиде во стечај 1994 година оставајќи ги работниците без 24 исплатени плати и без 18 месеци придонеси! Сега, кога се почна со градба на можеби најатрактивната локација во општина Центар, потсетуваме на каков криминален начин овој имот на фирма во државна сопственост премина во рацете на градежните тајкуни.
Имено, стечајниот управител, иако имал должност да ги впише објектите на „Треска“ за тие да влезат во стечајната маса, со што би можеле да ги обесштетат и работниците, не го сторил тоа. Со денационализацијата, имотот преминува во рацете на семејството Виќентијевиќ. Бидејќи објектите на „Треска“ не се легализирани, сега си ги легализираат новите сопственици.
Со ова овој имот при рушење се признава во поврат на комуналии, со што се оштетува и буџетот на Општина Центар и Град Скопје за милионски суми.
Градоначалникот Герасимовски, иако има овластување и позитивни процедури, не иницира носење нов детален урбанистички план, иако ДУП-от по кој сега се расчистува теренот е веќе истечен, и тоа двапати (датира од 2012, а ДУП треба да се носи на секои 5 години)!
Кому му служи градоначалникот на Центар, Герасимовски, и неговиот СДСМ? На интересот на граѓаните на Центар или на неколку семејства од одбрани центри на моќ? Левицата се залага за итно носење нов ДУП за овој реон и расчистување со барем овој дел од долгите пипала на градежната мафија“, се наведува во соопштението на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

