Спорт
(Видео) Хорор во Брисел, исламски терорист уби двајца навивачи на Шведска
Квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство меѓу Белгија и Шведска е прекинат.
Според последните информации од белгиската престолнина, двајца шведски навивачи загинале кога едно лице отворило оган кон нив од калашников извикувајќи „Алаху акбар“.
Според локалните медиуми, тој е исламски терорист, најверојатно поддржувач на ИСИС. Облечен во флуоресцентен портокалов елек и со а кацига на главата, со својот мотоцикл се упатил до центарот на градот, до локација на пет километри од стадионот и таму го започнал терористичкиот чин.
Прво застрелал некого во фоајето на блискиот хотел, а потоа застрелал две лица во такси. За време на пукањето тој извикал „Алаху акбар“. Според сведоците, тој извикал дека „убива неверници и дека ќе се одмазди за животите на муслиманите затоа што живее и умира за својата религија“.
По пукањето побегнал со мотор. Се појави и видео од местото на настанот.
The gunman who opened fire in Brussels said he's a member of ISIS and wanted to "avenge Muslims."
The armed suspect is still at large, according to Belgian media outlet Sudinfo.
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 16, 2023
Тој застрелал три лица кои носеле симболи на шведската репрезентација, од кои двајца биле убиени, а третото лице е рането.
Терористичкиот чин се случи на помалку од еден час пред почетокот на натпреварот.
Репрезенттативците на Шведска во полувремето дознале за терористичкиот напад и ги известиле судиите дека нема да го продолжат натпреварот.
Делот на Брисел, каде што се случи терористичкит напад е блокиран од полициските сили, а полицијата трага по напаѓачот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тотален дебакл
Фудбалерите на Реал Мадрид сензационално загубија во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. „Кралскиот клуб“, доживеа пораз во Албасете, од 17-от тим во Втората шпанска лига со 3.2.
Хави Виљар го доведе домашниот тим во водство, а Франко Мастантуоно постигна гол за израмнување. Уште еден гол за домаќините постигна Хефте Бетанкор во 82-та минута, Гонзало Гарсија повторно израмни во 91-та минута, но Бетанкор со брилијантен гол во 94-та минута му пресуди на шампионот.
Овој резултат особено одекна во шпанските медиуми. „Марка“, водечкиот весник во Мадрид, го наслови својот извештај од натпреварот со: „Тотален дебаклл“ и потенцира дека „Овој Реал (Мадрид) е навистина срамен“.
Друг текст во кој се коментира натпреварот заклучува дека фудбалерите на Реал ги очекуваат свирежи во сабота, кога играчите на Арбелола го играат својот следен домашен натпревар против Леванте.
„Најлошото нешто што можеше да му се случи на Реал Мадрид беше тоа што по првите 20 минути од натпреварот, маглата се крена и го обви стадионот „Карлос Белмонте“ и ја разоткри срамната изведба што ги исфрли од Купот на кралот. Кризата во Реал Мадрид доби извонредни размери, за три дена се изгубени две титули, еден тренер беше отпуштен, а вториот „смртно ранет“ започна со својата работа.
Арбелоа ризикуваше со изборот на тимот, одмори четири клучни играчи и, иако вината не треба да се префрли само на тренерот кој е со тимот едвај 48 часа, тој веќе остана без еден трофеј. И да се помисли дека овој тим може да ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите е само желба.
Реалноста е дека играчите, не сите, туку огромното мнозинство, не беа воодушевени ниту од новиот тренер. Тие не очекуваа чуда од ненадејната смена на Чаби Алонсо, но барем се надеваа на промена во ставот на играчите. Ништо од тоа не се случи. Единствената промена беше во однесувањето на тренерот.
Сепак, тренерот ги изненади сите со својот настап на прес-конференцијата, беше претерано попустлив кон играчите, на кои дури и им се заблагодари.
Реал Мадрид беше целосно неефикасен во текот на целиот натпревар, предводен од Винисиус, кој сигурно не се истакнуваше. Играше како Чаби Алонсо да е сè уште на клупата. Валверде исто така не понуди ништо. А Мастантуоно, чија единствена светла точка беше гол, едвај го зголеми својот рејтинг.
Неговиот настап беше неверојатно лош, разбеснувачки и сигурно не го оправдува фактот дека, на 18 години и со таква игра, јавно не го отфрли својот поранешен тренер. Тие се враќаат на Бернабеу во сабота. Ги чека тежок период“, се наведува во тексто на „Марка“.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег
Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот.
Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу поени во тимот на Далас.
За Маверикс поголем проблем од поразот претставува повредата на Купер Флег. Тој го повреди глуждот на левата нога и остана во соблекувалната на полувремето, што е нов аларм за Маверикс, бидејќи поради повреди надвор од тимот се: Ентони Дејвис, Кајри Ирвинг, Данте Ексум, Дерек Лајвли и Макс Кристи.
Cooper Flagg injury.
He was being taken to the hoop, landed on his left ankle weird, sprained it.
Prayers up 🙏 pic.twitter.com/UmbuTMnb7s
— SM Highlights (@SMHighlights1) January 15, 2026
„Тој згази на нечија нога. И минатиот натпревар го мачеше тој глужд, па решивме да го поштедиме“, рече тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Флаг е фаворит за дебитант на годината оваа сезона. Тој во просек постигнува околу 19 поени и 6 скока.
Спорт
Стартува 17-то ЕП во ракомет, Македонија утре го игра првиот натпревар
Вечерва започнува 17-то Европско првенство во ракомет, кое се игра во три земји, Данска, Норвешка и Шведска. На првенстото учествува и Македонија, која утре од 20.30 часот, ќе игра против Данска.
Првиот ден, на првенството нуди четири натпревари, во групите А и Ц.
Распоред на првиот ден од Европското првенство:
Група А: Шпанија – Србија (18:00)
Група Ц: Франција – Чешка (18:00)
Група А: Германија – Австрија (20:30)
Група Ц: Норвешка – Украина (18:00)
Групата А треба да биде една од најнеизвесните на овој турнир, а првиот натпревар ќе го играат Шпанија и Србија. Овие две репрезентации се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство, двете селекции запишаа по една победа. Подоцна, Германија и Австрија играат во истата група.
Франција ја започнува одбраната на европската титула со натпревар против Чешка. Во овој меч Французите се апсолутни фаворити.
Истото може да се каже и за Норвешка, еден од трите домаќини, која игра против Украина во првиот натпревар.
Македонија, во Б групата покрај Данска за ривали ги има Португалија и Романија. По утрешниот меч со Данска, Македонија во недела ќе игра против Португалија, а на 20.јануари против Романија.
Foto/ EPA

