Европа
(Видео) Застрелан осомничениот за убиство на двајца шведски навивачи во Брисел

Белгискиот „Морген“ пишува дека е потврдено оти во полициската акција утринава бил застрелан маж осомничен за убиство на двајца шведски навивачи вчера.
Маж е застрелан во кафуле во Шаербек, но според последните информации, тој е реанимиран и е пренесен во локална болница.
Белгискиот РТЛ пишува дека здравствената состојба на застреланиот терорист е комплицирана и дека тој е „помеѓу живот и смрт“. Според информациите што ги добиле, тој веќе двапати имал инфаркт, но секојпат го реанимирале и го враќале во живот.
#WATCH: The terrorist was shot by Brussels police in a cafe in Schaarbeek close to his last known residence this morning. The weapon he used in the attack was found with him#Brussels #BrusselsAttack #BrusselsTerrorAttack #brusselsUnderAttack #USA #ISIS #Terrorist #ISISterrorist pic.twitter.com/Dw1sO7rVVs
— Nitesh rathore (@niteshr813) October 17, 2023
Според полициски извори, во престрелката утринава се повредени неколку лица, но сè уште нема јасни околности како дошло до пукањето.
Оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај застреланиот.
Синоќа две лица загинаа, а едно е рането во пукање во Брисел, потврди утринава пред новинарите портпаролот на белгискиот сојузен обвинител.
Двајцата убиени вчера биле шведски навивачи. Тие ги носеа дресовите на шведската фудбалска репрезентација, која синоќа играше против Белгија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. А третиот ранет е шведски државјанин, а не таксист како што беше објавено претходно. Тој е во тешка состојба во болница.
„Одете дома и не излегувајте додека не се отстрани заканата“, изјави портпаролот Ерик ван Дујзе.
Тој рече дека нема докази оти сторителот на кој било начин е поврзан со ситуацијата во Израел и на Блискиот Исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Работиме на документ за завршување на војната, ќе го испратиме во Украина

Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум за принципите за евентуален мировен договор за завршување на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.
Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.
Путин рече дека меморандумот ќе ги дефинира принципите на можно решение, временската рамка за потенцијален мировен договор и деталите за евентуален прекин на огнот.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека работата на рускиот нацрт-документ сè уште е во тек и дека документот ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов.
„Русија продолжува да развива нацрт-меморандум за иден мировен договор, кој дефинира голем број позиции, како што се принципите на решавање, временската рамка за можен мировен договор и евентуален прекин на огнот за одреден временски период доколку се постигне соодветен договор“, рече таа.
Европа
Холандија ги испорача последните 24 авиони „Ф-16“ на Украина

Министерството за одбрана на Холандија објави дека последните 24 борбени авиони Ф-16 се испорачани во Украина, со што е завршена испораката на овој вид воена помош од страна на Холандија.
Последните холандски авиони Ф-16 наменети за Украина ја напуштија воздухопловната база Волкел на југот на Холандија во понеделник и се упатија кон Белгија, каде што ќе бидат технички подготвени за конечна испорака. На испраќањето на авионите присуствуваше и претставник на холандското Министерство за одбрана, Рубен Брекелманс.
„Ф-16-се од клучно значење за Украина поради секојдневните руски воздушни напади. Тие ни овозможуваат да ја држиме руската агресија подалеку од нас“, рече Брекелманс.
Покрај испораката на авионите, Холандија помага во одржувањето на нивната борбена готовност и учествува во организирањето на обука на пилоти во Европскиот центар за обука за летање (EFTC) во Романија.
Украина ја прими првата пратка холандски авиони Ф-16 во октомври 2024 година, а втората во февруари 2025 година. Претседателот Володимир Зеленски во март објави дека пристигнала уште една пратка од Холандија.
Европа
(Видео) 50 повредени во Ливерпул, двајца во критична состојба, полицијата: Не е тероризам

Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е дете, откако 53-годишен маж со автомобил удрил во толпа луѓе што ја гледале победничката парада во Ливерпул, беше објавено на прес-конференција во Ливерпул.
Заменик-началникот на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ги потврди претходните извештаи дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кого полицијата верува дека го возел возилото во кое беа повредени речиси 50 лица. Таа рече дека истрагата е во тек и дека фактите што довеле до овој инцидент се утврдуваат.
„Инцидентот не се третира како терористички напад“, рече Симс, додавајќи дека станува збор за изолиран случај.
Иако на парадата беа преземени бројни безбедносни мерки, сè уште не е утврдено како автомобилот успеал да се пробие на улицата каде што одеа колоните навивачи на Ливерпул.
Car has ploughed into fans after the Liverpool parade. wtf 🤬 pic.twitter.com/wvOHH1oV30
— Mark (@MTheaugod) May 26, 2025
Дејвид Кичен од службата за брза помош објави детали за повредените на кои им е укажана помош, велејќи дека 27 лица, меѓу кои четири деца, се префрлени во блиските болници. Две лица, од кои едно е дете, се во критична состојба, но никој не починал на местото на настанот.
Кичен додаде дека 20 лица побарале помош на местото на настанот, но повредите не биле доволно сериозни за да бараат болничко лекување.
Шефот на противпожарната служба Ник Серл изјави дека добиле повик во 18:07 часот. по локално време за инцидент за време на парадата. Кога пристигнале на местото на трагичниот инцидент, пожарникарите пронашле четири лица заробени под автомобил.
„Три лица и едно дете беа извлечени од под возилото и веднаш беа однесени во болница со брза помош“, објави Серл.