Европа
(Видео) Терористот од Брисел е мртов, полицијата трага по уште едно лице

Терористот, кој вчера го изврши нападот во Брисел, е убиен утрово во полициска акција. Според белгиските медиуми, тој бил застрелан и ранет во кафуле, а починал во болница.
#WATCH: The terrorist was shot by Brussels police in a cafe in Schaarbeek close to his last known residence this morning. The weapon he used in the attack was found with him#Brussels #BrusselsAttack #BrusselsTerrorAttack #brusselsUnderAttack #USA #ISIS #Terrorist #ISISterrorist pic.twitter.com/Dw1sO7rVVs
— Nitesh rathore (@niteshr813) October 17, 2023
Државното обвинителство ги објави деталите за акцијата во која беше убиен терористот. Како што велат, тој мирно влегол во кафуле во Шаербек со својот „калашников“, со кој вчера убил двајца Швеѓани. Полицијата по неколку часа успеала да го фати и со еден истрел во градите го неутрализирала.
Dader terreuraanslag Brussel werd geïdentificeerd en is overleden. Onze dank aan de inlichtingen- en veiligheidsdiensten en het parket voor hun snel en kordaat optreden afgelopen nacht en deze ochtend.
— Annelies Verlinden (@AnneliesVl) October 17, 2023
„Има многу силни индиции дека тоа е извршителот на нападот“, се вели во соопштението. Следува анализа на отпечатоци од прстите, кои, дефинитивно, ќе го потврдат идентитетот на убиениот.
Како што соопштија од федералното Обвинителство, во моментот се трага по уште едно лице. Сè уште не е јасно каква е поврзаноста на лицето со нападот.
Синоќа, две лица загинаа, а едно е рането во пукање во Брисел, потврди за печатот портпаролот на белгискиот сојузен обвинител.
Двајцата убиени вчера биле шведски навивачи. Тие ги носеа дресовите на шведската фудбалска репрезентација, која синоќа играше против Белгија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. А третиот ранет е шведски државјанин, а не таксист како што беше објавено претходно. Тој е во тешка состојба во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Данските власти поставија воен радар на аеродромот во Копенхаген за откривање дронови

Откога неидентификувани дронови беа забележани над данските аеродроми и воени бази речиси секоја вечер минатата недела, данските власти презедоа низа мерки за да се осигурат дека претстојниот состанок на лидерите на Европската Унија во Копенхаген ќе помине без безбедносни закани.
Откога минатата сабота беше забранета целата активност на дронови над Данска, фрегатата на германската морнарица „ФГС Хамбург“ се закотви во пристаништето во Копенхаген во неделата. Германскиот брод ќе придонесе за надзор на данскиот воздушен простор за време на самитот на Европската Унија, објавија данските медиуми.
Најновата мерка на данските власти е инсталирање современ радар за откривање и следење дронови „Вајбел Ксента“ на аеродромот „Каструп“ во Копенхаген.
Данската полиција и Генералштабот на вооружените сили не сакаа да дадат подетаљни информации за радарот што може да се види зад оградата кај „Каструп“. Познато е само дека станува збор за уред од данската компанија „Вајбел саентифик“, што може да детектира сите летала на растојание до 30 километри.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Секој друг извор на нафта и гас, освен рускиот, е несигурен и поскап

Снабдувањето на гас и нафта од Русија е загарантирано за Унгарија, а секој друг извор на енергија е несигурен и поскап, изјави денес унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Ниеден разумен човек не би разменил нешто сигурно за нешто неизвесно“, рече Орбан денес во поткастот Fight Hour, како што објави унгарската агенција MTI. Унгарскиот премиер рече дека испораката на енергија од Русија е загарантирана и дека цената е пониска отколку од другите земји. Доколку Унгарија купува нафта и гас од други земји по повисока цена, ќе мора да им наплаќа повеќе на своите жители, рече Орбан.
Унгарија, Словачка и Чешка се трите европски земји на кои им се дадени ослободувања од европските санкции за увоз на руска нафта. Чешка оттогаш обезбеди други извори на снабдување, но Унгарија и Словачка продолжуваат да увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“.
фото: принтскрин
Европа
Рекорден премин на Ла Манш: 125 мигранти пристигнаа со еден брод

Рекорден премин на Ламанш беше забележан во саботата кога дури 125 лица пристигнаа во еден мал брод, што е досега најголем број патници во еден брод. Вкупно, речиси 900 мигранти го преминаа Ламанш во саботата, пишува Би-би-си.
Со ова е соборен претходниот рекорд од август, кога во еден брод имаше 106 лица. Официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека 895 мигранти пристигнале во 12 бродови во саботата, со што вкупниот број на преминувања од почетокот на 2025 година достигна приближно 33.000.
Во сенка на нова трагедија
Веста доаѓа откако уште еден мигрант почина обидувајќи се да премине, а неговото тело беше пронајдено во неделата наутро на плажа во близина на Булоњ-сур-Мер во северна Франција, објави новинската агенција АФП.
Возраста и националноста на починатиот сè уште не се познати. Обвинителката на пристанишниот град, Сесил Гресиер, изјави за АФП дека истрагата ќе утврди дали постои врска помеѓу оваа смрт и обидот за премин во близина на Екиен-Плаж, каде што беше пронајдена 49-годишна жена и однесена во болница поради хипотермија.
Во саботата, две жени од Сомалија исто така ги загубија животите откако нивниот импровизиран чамец наиде на проблеми. Со ова, бројот на смртни случаи при обид за нелегално преминување од Франција во Велика Британија оваа година се искачи на најмалку 27.
фото: принтскрин