Свет
Израелскиот министер до Хамас: „Предадете се или ќе умрете“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/izraelska-vojska.jpg)
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галан и’ постави ултиматум на милитантната група Хамас, која уби над 1.400 Израелци по ненадејниот напад пред 10 дена.
„Предадете се или умрете, нема трета опција“, рече тој за време на посетата на јужната израелска воена база.
Претходно беше објавено дека е убиен висок командант на Хамас.
Ајман Нофал е убиен во израелски воздушен напад врз Газа, се наведува во соопштението на милитантната група.
Тој беше член на Генералниот воен совет и командант на вооруженото крило на Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Дизни воведе санкции за Бајден: „Додека тој е кандидат, демократите нема да видат ниту долар“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bajden-italija.jpg)
Наследничката на Дизни, Абигејл Дизни, рече дека ќе ги замрзне донациите за Демократската партија додека актуелниот претседател Џо Бајден не се откаже од трката за реизбор, по лошиот настап во дебатата со републиканскиот ривал Доналд Трамп минатата недела.
„Имам намера да прекинам каков било придонес за партијата додека не го заменат Бајден на врвот на листата. Ова е реализам, а не непочитување. Бајден е добар човек и добро и служи на својата земја, но влогот е превисок“, изјави за CNBC Абигејл Дизни.
Таа предупреди дека демократите ќе загубат доколку Бајден не се откаже и додаде дека последиците од губењето ќе бидат „навистина страшни“.
Бајден во четвртокот објави дека не планира да се повлече од трката за уште еден мандат, и покрај повиците на многу демократски претставници и гласачи да го сторат тоа.
Конвенцијата на Демократската партија ќе се одржи на 19 август, а на неа и формално треба да се избере кандидат за претстојните претседателски избори.
Свет
Ердоган од трибините ќе ја бодри Турција во четвртфиналето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/5890c3b1-c49a-4ee8-a480-12b0b4df30f4.jpg)
Турското претседателство официјално објави дека шефот на државата Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне во Германија на саботниот четвртфинален натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Турција и Холандија.
Натпреварот ќе се игра во Берлин со почеток во 21 часот, а следува по дипломатскиот инцидент меѓу Германија и Турција што се случи поради реакцијата на турскиот фудбалски репрезентативец Мерих Демирал за време на осминафиналето против Австрија.
Турција победи со 2-1, а двојниот стрелец Демирал вториот гол го прослави со гест кој крена голема прашина.
Демирал со високо кренати раце имитираше глава на волк, гестикулирајќи знак кој се поврзан со „Сивите волци“, ултранационалистички огранок на Партијата за националистичко движење (МХП), која е коалициски партнер на турската владејачка партија АК, предводена од претседателот Ердоган. Во Германија, потегот на Демирал беше осуден како расистички.
Германските медиуми објавија дека УЕФА го санкционирала Демирал со два натпревари, но Фудбалската федерација Турција доцна синоќа ја демантираше информацијата која ја објави весникот „Билд“, наведувајќи оти истрагата сè уште е во тек.
Свет
(Видео) Евакуиран дел од најголемиот аеродром во Европа: полицијата и кучиња трагачи на местото на настанот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/Hitrou.jpg)
Вториот терминал на аеродромот Хитроу во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат медиумите.
Police dogs are here 🙃 pic.twitter.com/4ZgrkGzPpR
— Abinaya Nathan (@abiknathan) July 5, 2024
Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како патници излегуваат од аеродромот додека неколку полициски комбиња се приближуваат до терминалот.
Furious holidaymakers face chaos at Heathrow Airport as emergency services evacuate terminal – leaving England fans heading to Euros stranded https://t.co/hKA04me9gJ pic.twitter.com/u3SK2c9Ggs
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 5, 2024
Дел од аеродромот го пребаруваат кучиња трагачи.