Македонија
Променливо облачно време, попладне со сончеви периоди

Во утринските часови во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Од денес ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. В петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски ќе го награди полицаецот кој спречи девојка да си го одземе животот во Тетово

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката.
„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.
Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, рече Тошковски.
Тој нагласи дека вистинска сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.
Македонија
Од недела дожд и пад на температурите

Утре и в сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C, информира УХРМ.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Извор: УХРМ
Македонија
Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Гинтер Крихбаум.
Муртезани му честита на министерот Крихбаум за неговото неодамнешно именување посакувајќи му успех, кој ќе се рефлектира позитивно не само на Германија туку и на Европа и Западен Балкан.
Тој исто така изрази благодарност за континуираната германска поддршка и пријателство истакнувајќи ја важната улога на Германија во процесот на европската интеграција на Северна Македонија, особено за принципиелниот пристап на Берлин во заштитата на европските вредности и одвојувањето на билатералните прашања од пристапниот процес, како што беше потврдено и за време на германското претседателство со Советот на ЕУ во 2020 година.
Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со евроинтегративниот процес, при што заеднички беше констатирано дека трансформативната моќ на европската интеграција може да се реализира единствено преку пристап базиран на заслуги, кој ќе овозможи јасна и опиплива перспектива за граѓаните на земјите кандидати.
Муртезани нагласи дека европскиот проект не може да биде целосен без интеграцијата на Западен Балкан и дека реформите, владеењето на правото и усогласувањето со европските вредности се услов без кој не може да се напредува, но и дека Унијата мора паралелно да обезбеди сопствена институционална подготвеност за проширување.
Министерот Муртезани ја поздрави германската поддршка за постепена интеграција на земјите кандидати во ЕУ, со зачувување на критериумите и на европските стандарди, но и со обезбедување конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на пристапниот процес.
Во контекст на актуелните предизвици на пристапниот процес, министерот Муртезани укажа дека процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи, односно дека е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството. Во таа насока беше потенцирана важноста од зајакнување на европските инструменти за надзор како гаранција за кредибилитетот на евроинтегративниот процес.