Забава
Алек Болдвин се соочува со ново судење, обвинителите повторно го тужат за пукањето
Обвинителите на Ново Мексико во вторникот наутро соопштија дека имаат намера повторно да поднесат тужба против актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство на камерманката Халина Хачинс во 2021 година за време на снимањето на нискобуџетскиот вестерн Rust.
Обвинителите следниот месец ќе го претстават случајот против Болдвин пред големата порота, објави „Ен-би-си њуз“ повикувајќи се на извори запознаени со случајот.
Од Обвинителството соопштија дека во следните два месецa ќе бидат презентирани докази пред големата порота. Од таму велат дека низа дополнителни факти излегле на виделина по завршувањето на претходното судење во април.
„Случајот на Болдвин ќе биде изведен пред големата порота во средината на ноември“, изјави специјалната обвинителка Кери Морисеј.
„На виделина излегоа причини поради кои сметаме дека Болдвин е одговорен за смртта на Халина Хачинс и за ранувањето на Џоел Соуза. Сметаме дека е соодветно да се дозволи големата порота во Ново Мексико да одлучи дали на Болдвин треба да му се суди“, навела обвинителката.
Овој потег следува по резултатите од независниот форензички тест, кој покажа дека Болдвин морал да го повлече петлето на револверот со кој вежбал за да испука куршум, кој ја усмрти Хачинс.
Болдвин, копродуцент на филмот, впери пиштол во Хачинс за време на проба непосредно пред снимање нов кадар за филмот. Пиштолот пукна убивајќи ја неа и повредувајќи го режисерот Џоел Соуза.
Болдвин тврдеше дека не е одговорен за смртта на Хачинс и дека не го повлекол петлето. Обвинителите го отфрлија обвинението против актерот во април кога се појавија докази дека пиштолот што тој го користел бил модифициран, што овозможува да пука без повлекување на петлето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

