Македонија
Меџити: Обезбедивме нов современ апарат на Торакална хирургија

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, ја посети Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.
Министерството за здравство, како што информираат, за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex да се користи на оваа клиника.
Овој апарат, како што велат, е наменет за изведување минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белодробието како стандардни така и специфични.
Системот, како што појаснуваат во соопштението, овозможува многу подобра визуализација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција.
Со технологијата што ја има апаратот се овозможува одлична визуализација на проток на крвта пред, за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури.
„Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, детекција на лимфни јазли.
Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операционата сала преку интернет или компјутерска мрежа.
Хируршкиот столб е купен од Министерството за здравство за потребите на Клиника за торакална хирургија и е инвестиција од 11,1 милиони денари“, се нагласува во информацијата.
Меџити заедно со својот кабинет, потенцираат од Министерството, интензивно работат на подобрување на условите во јавноздравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: Историска инвестиција, 6 милијарди евра од Британија ќе бидат искористени за развој без никаква разлика

За Северна Македонија започнува нова ера, со историска инвестиција од 6 милијарди евра од Обединетото Кралство, нашата земја влегува во нова траекторија на развој и модернизација. Ова е јасна порака за меѓународна доверба во новата визија што ја претставува Владата, а коалицијата „Вреди“ е посилна од кога било, се истакнува во нивното соопштение.
„Во рамките на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, ќе се реализираат големи проекти кои директно влијаат врз животите на нашите граѓани: Нова модерна болница во Кичево, заедно со здравствен центар; Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, за квалитетни услуги и поголеми капацитети; Финализирање на клиничката болница во Штип и изградба на нов медицински факултет, во согласност со современите стандарди; Модерна и брза железница од Табановце до Гевгелија, која ќе ја поврзе Северна Македонија со регионот и Европа“.
Од „Вреди“, велат дека коалицијата како политички чадор што ја претставува волјата и надежта на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата, гарантира дека овој инвестициски пакет нема да остане на хартија, туку ќе се прошири праведно и подеднакво на албанските области каде што со децении се потребни повеќе грижа и вистински инвестиции.
„Ова е нашата визија за праведна, функционална и развиена држава, каде што секој граѓанин, без оглед на потеклото или регионот, ги чувствува придобивките од реформите и меѓународната поддршка.
Од Липково до Струга, „Вреди“ ќе се погрижи оваа историска можност да се претвори во вистински просперитет за сите граѓани.
Македонија
„Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија“, најави ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на Обединетото Кралство, договор кој што става на располагање најмногу средства до сега, 6 милијарди евра. Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.
Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.
Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.
Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на ул.1 во село Копаница, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста Новаковиќ, општина Аеродром;
– Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Бардовци, кај пругата, општина Карпош.