Регион
Словенија го подигна нивото на опасност од тероризам

Словенија ја подигна проценката на заканите од тероризам на средно ниво, што е трето од петте нивоа на опасност, пишува словенечки 24ур.ком
Собраниската комисија за надзор на разузнавачките и безбедносните служби попладнето веќе се запозна со проценката за безбедносната закана „во случај на можни антиизраелски протести во Република Словенија“ и со активностите на надзорните служби во врска со ова, соопшти Народното собрание.
На скала од пет точки, проценката на заканата е подигната од второто ниво или ниска опасност (зелено) на трето ниво или средна опасност (жолто) по неодамнешните настани на Блискиот Исток. Показателите за закани кои би се материјализирале на краток рок се ограничени. „Напад е многу веројатен или очекуван“, го опиша средното ниво Меѓуресорската работна група за борба против тероризмот, која вообичаено користи модел на пет нивоа.
На најниско (сино) ниво, веројатноста за напад е занемарлива и нема показатели за закана, ниту пак се чини дека заканата ќе се материјализира на краток рок. На ниско (зелено) ниво, можноста за напад не може да се отфрли. Показателите за заканите се многу ограничени, но малку е веројатно дека заканите ќе се остварат на краток рок. Следува средното, моментално ниво на закана.
Второто највисоко е високото (портокалово) ниво, кога има јасни индикации дека заканите веројатно ќе се материјализираат на краток рок. Точната цел или временската рамка не се познати. Црвеното ниво, т.е. многу висока проценка на заканата, се применува кога исто така има јасни показатели за непосредна закана: времето и целта се познати. Највисокото ниво се користи кога постои голема непосредна закана од терористички напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин
Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.