Македонија
Маричиќ од Охрид: Туризмот e на врвот на приоритетите на Европската Унија

Во продолжение на караванот „Ние сме Европа“, Вицепремиерот Маричиќ од отворената трибина во Охрид на тема: Негување на културното наследство и природната убавина за одржлив туризам изјави дека туризмот e на врвот на приоритетите на Европската Унија.
„ЕУ гледа на туризмот како на исклучително значајна економска активност со широко влијание врз економскиот раст, вработувањето и социјалниот развој“.
Во обраќањето ја истакна информацијата дека туристичкиот промет покажал раст и во вториот квартал за 2023 година – и тоа раст од 28% споредбено со истиот период минатата година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година, со остварен приход од 229 милиони долари од туристичкиот промет.
„Пандемијата со ковид-19 помина и туристичките номади се вратија на своите омилени дестинации и освојуваат нови. Деновиве сведочиме нови регионални извештаи според кои избиваме на врвот како најповолна дестинација за дигиталните и туристички номади“
„Туризмот е економска гранка која ја ставаме високо меѓу приоритетите за да ја направиме да биде движечка сила и стабилен фактор за зголемување на бројот на нови зелени работни места. За раст на локалниот економски развој и со развојот на регионите во меѓуграничната соработка за што добиваме огромна помош од ЕУ.“
Вицепремиерот Маричиќ ја потенцираше важноста на зелените инвестиции во туризмот со поддршка на фондовите на ЕУ што се веќе на располагање и оние кои дополнително ќе бидат на располагање за користење
„Нашата насока во туризмот како и дел од стратешките приоритети за одржлив туристички развој со негување на културното наследство и природните убавини на нашата земја“.
На отворената трибина во Охрид се обратија, Вицепремиерот Маричиќ, Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер и директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)