Свет
Директор во Стејт департментот поднесе оставка: „Испраќањето оружје на Израел е деструктивно“
Директор во американскиот Стејт департмент, кој работеше во агенцијата одговорна за пренос на оружје на американските сојузници, поднесе оставка. Џош Пол го наведе несогласувањето со одлуките на администрацијата на Бајден да го забрза трансферот на оружје во Израел.
Пол, кој служеше како директор во Канцеларијата за политичко-воени прашања на Стејт департментот, објави на „Линкдин“:
„Не можам да работам за да поддржам серија главни политички одлуки, вклучително и забрзано испраќање повеќе оружје на едната страна од конфликтот за кои верувам дека се кратковиди, деструктивни, неправедни и контрадикторни на самите вредности што ние јавно ги застапуваме“.
Пол рече дека иако признава оти нападот на Хамас врз Израел бил ужасен, тој исто така верува дека одговорот на Израел „само ќе доведе до поголемо и подлабоко страдање“ за Израелците и Палестинците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Производството на оружје и муниција во Русија се зголеми за повеќе од 22 пати
Производството на оружје и муниција во Русија, кое е многу барано како дел од украинскиот конфликт, се зголеми за повеќе од 22 пати во последните години, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
На состанокот за државната програма за оружје, тој исто така рече дека руските воени компании ја снабдуваат армијата со целото потребно оружје и опрема, пренесува Спутник.
Путин исто така изјави дека руската армија стекнува непроценливо искуство за време на Специјалната воена операција во Украина, која, според него, се користи за обликување на нова форма на руските вооружени сили, пренесува Танјуг.
Свет
Москва: Западот призна дека поразот на Русија е невозможен
Во текот на 2025 година, и покрај силниот притисок и санкциите, Русија успеа да ги одбрани своите клучни национални интереси, а непријателските земји беа принудени да признаат дека е невозможно да ѝ се нанесе стратешки пораз. Ова беше објавено во извештајот на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за главните резултати од надворешната политика за 2025 година.
Како што е наведено, решителниот одговор на Москва во односите со земјите чии влади преземаат, како што е оценето, непријателски и антируски мерки, доведе до промена во пристапот на Западот.
„Решената одбрана на националните интереси во односите со земјите чии влади преземаат непријателски антируски дејствија ги принуди да ја признаат невозможноста за нанесување „стратешки пораз“ на Русија на бојното поле“, се истакнува во соопштението на руското Министерство.
Во документот се додава дека ваквите случувања ги принудија западните земји да ги преиспитаат своите цели и да преминат на концептот за итно прекинување на непријателствата на украинското бојно поле.
На крајот на ноември, заменик-шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков посочи на сличен заклучок. Потоа тој изјави дека игнорирањето на решителноста на Русија да ги брани своите интереси е погрешна стратегија за Западот.
Според него, негирањето на очигледниот факт дека стратешкиот пораз на нуклеарна сила е невозможен е длабока грешка која, како што процени тој, на крајот ќе ги принуди западните земји да бараат нова основа за коегзистенција со Русија.
Свет
Марта Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ
Европската Унија ја смета Украина за приоритетен кандидат за членство, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во интервју за Политико.
Според неа, проширувањето на Унијата повеќе не е само прашање на односите со кандидатите, туку и на внатрешната способност на ЕУ да одговори на предизвиците на современиот момент.
„Не станува збор само за привлекување кандидати – туку и за нас: можеме ли да се справиме со предизвиците? Дали е тоа корисно за нашата безбедност? Дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да. Дали ни треба Украина во ЕУ? Да“, нагласи Кос.
Таа истакна дека во следните 12 месеци, Европската Унија ќе мора да донесе конкретни и суштински одлуки со цел да го забрза процесот на прием на нови земји-членки и да обезбеди институционална поддршка. Според неа, претстојниот период ќе биде клучен за дефинирање на иднината на политиката на проширување.
Прашањето за европската интеграција на Украина се повеќе се поврзува со безбедносната архитектура на континентот и долгорочните геополитички интереси на Брисел.
Претходно беше објавено дека некои американски претставници признаваат дека Русија нема забелешки за евентуалното пристапување на Украина во Европската Унија, што во дипломатските кругови се толкува како значаен сигнал во контекст на пошироките односи меѓу Истокот и Запад

