Македонија
СДСМ: Искористеноста на ИПАРД-средствата е на највисоки 98 отсто

СДСМ со ефикасни мерки и политики создава нови и подобри можности за секој македонски земјоделец, како и инвестиции за унапредување и модернизација на земјоделското производството, велат од оваа партија.
Државата, според нив е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98 отсто и прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи.
„Земјоделците ги препознаа придобивките, со поддршка, да го модернизираат своето производство, да создаваат конкурентни финални производи и да придонесат во развојот на економијата.
Резултатот се склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и за 60 отсто зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.
Изминатите години, со помош на ЕУ, се обезбедени услови за модернизација на земјоделското производство, отворање многу нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерни земјоделски машини, системи за наводнување, мали бизниси од рурални средини.
За успесите се зборува и деновиве, за време на билатералниот скрининг за Поглавјето 11 кое се однесува на „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“, посочуваат во соопштението од партијата на власт.
Додаваат дека СДСМ посветено и одговорно работи на остварување на поставената цел – полноправно членство во Европската Унија, затоа што тоа ќе значи пристап до единствениот европски пазар од 500 милиони жители, поголеми можности за бизнисите, повеќе странски директни инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, подобар животен стандард и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ која е дури 11 пати поголема од поддршката која ја имаат земјите кандидати во однос на земјите членки во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.