Црна хроника
Претрес во Велешта, пронајден пиштол

Вчера, околу 15.30 часот, во с. Велешта, Струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А. И. (36) од с. Велешта.
При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол во калибар од 6,35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми во калибар од 6,35 мм и 33 куршуми во калибар од 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ

Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом.
Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“ и двајца полициски службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на „Партизанска“

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.