Македонија
Маричиќ: 2030 како план и шанса за членство во ЕУ е мотив и движечка сила за брзи реформи и промени
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска, учествуваше на дијалогот за политиката на високи ниво на Школото за транснационално владеење (ЕУИ), на тема: „Отворената стратешка автономија на ЕУ и Западен Балкан“, покана на Европскиот институт од Фиренца.
Маричиќ рече дека за земјите кандидатки временската рамка за членство во ЕУ значи дека има шанса и план за тие што ќе бидат спремни да станат членки на ЕУ и дека тоа ќе го врати кредибилитетот на политиката на проширување.
„2030 како датум за европска перспектива на регионот со конкретен план треба да ни биде мотив и движечка сила за промени, шанса што треба да ја искористиме“, рече Маричиќ потенцирајќи дека тоа е клучот да се вратат довербата и популарноста за идејата на ЕУ, а не само за процесот на евроинтеграција.
Додаде дека не е многу популарно да се зборува за временски рамки нагласувајќи дека доколку нема временска рамка, секогаш ќе има оправдување зошто и како треба да се одложи проширувањето на ЕУ.
„Ветувањето од Солун за европската перспектива треба да биде испорачано преку стратешки план, но во меѓувреме може да се направат неколку работи од сега до членството во ЕУ покрај преговарачкиот процес“, рече Маричиќ осврнувајќи се на планот за забрзување на пристапните преговори, кој треба да биде претставен во следните неколку недели.
Маричиќ рече дека планот за забрзување на пристапувањето во ЕУ на Западен Балкан е нешто што проевропските политичари, структури, влади и граѓанско општество го очекуваа подолго време нагласувајќи дека билатералните теми може да биде голема пречка и подигнат ѕид помеѓу ЕУ и ЗБ поради што е потребно ЕУ да ја има посебен фокус на менаџирање на билатералните спорови.
„Заедно мораме да ги направиме овие планови да се случат и да успеат, со цел да се заврши интеграцијата на Западен Балкан и како концепт да го победи национализмот“, рече Маричиќ порачувајќи дека на регионот му треба Европа повеќе, посилна и попросперитетна и дека тоа е можно само ако двете страни работат на оваа задача.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

