Македонија
„Пендаровски е виновен за заостанатоста на Македонија“ – Виктор Стојанов: Добив доживотна забрана влез во земјата

„На претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија, Ова го потврди тој за порталот „Лупа.бг“. Тој веќе имаше забрана од една година и 3 месеци. Кога му завршила забраната, се упатил кон Скопје, но бил вратен назад на граница бидејќи таа му била продолжена на неодредено време.
„Добив доживотна забрана за влез во Македонија. Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ги запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рече Стојанов.
Тој потсети дека поради омраза кон бугарскиот народ, влезот на Северна Македонија во ЕУ беше одложен. Оваа одлука беше донесена на самитот на Берлинскиот процес во понеделникот во Тирана. Зелено светло на патот кон евроинтеграциите добива само Албанија за која во јануари в година се отвора преговарачко поглавје.
„Некои опозициски партии се виновни за заостанатоста на Северна Македонија, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уништуваше“, истакна Виктор Стојанов.
Според него, Албанија целосно заслужува да го продолжи својот пат кон европската интеграција. Има многу добро законодавство за малцинските права. Во земјата живеат 100.000 Бугари, а во Тирана 12.000. Од Бугарите таму има советници на министри, Бугарите се и директори на претпријатија.
Фондацијата „Македонија“ е активна и во Албанија. Обезбедуваме учебници, алатки, таблети. Таму сме добредојдени и нѐ чекаат“, истакнува Стојанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.
„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес – конференции. Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ. Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.
Посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
(Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.
При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР.
Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.