Црна хроника
Претрес во село Ласкарци, пронајдено оружје и муниција
По преземените мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршен е претрес на домот и други простории кај С. З. во село Ласкарци, Скопско.
При претресот, во близина на помошен објект кој го користи, пронајдени се еден конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и 16 куршуми.
Исто така, при претрес во неговиот дом пронајдени се и три пиштоли и ловна пушка. С. З. е приведен и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вреќи со марихуана, оружје, пари украдени од банкомати, пронајдени кај 39-годишен скопјанец
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, постапувајќи по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во содејство со полициски службеници од Интервентна полиција од СВР Скопје извршија претрес кај Б.Ј.(39) во Скопје.
При претресот во домот на Б.Ј. биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони и др.
Исто така, извршен е претрес на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.
Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од КЗ.
Црна хроника
Украдени шишиња и пакувања со лекови од штипската клиничка болница со употреба на сила
Вчера во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставник нападнал ученик во училиште во Скопје
Вчера во 09.50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.