Свет
САД: Загрижени сме за унгарските односи со Русија

Соединетите Американски Држави се загрижени за односите на Унгарија со Русија и ја сметаат одлуката на премиерот Виктор Орбан да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за „загрижувачка“, соопшти денеска американската амбасада во Будимпешта.
Во вторникот Орбан одржа билатерална средба со Путин на маргините на форумот „Појас и пат“ во Пекинг. Тој е единствениот лидер на Европската Унија што присуствуваше на форумот или се сретна со Путин откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година.
„САД се загрижени за односите на Унгарија со Русија“, се вели во соопштението на американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман. Претходно оваа недела, Пресман во објава на Х рече: „Лидерот на Унгарија избира да застане покрај човекот чии сили се одговорни за злосторствата против човештвото во Украина, а тој самиот е меѓу нашите сојузници“.
По средбата на Орбан, амбасадорите на земјите од НАТО и на Шведска се собраа во Будимпешта за да разговараат за загриженоста за растечкиот пристап на Унгарија кон Москва, јавува Радио Слободна Европа.
Главниот политички помошник на Орбан, Балаш Орбан, ги отфрли критиките на САД во објава на Х претходно оваа недела велејќи дека Унгарија е „сита од лицемерството“ на американскиот амбасадор. Односите меѓу Будимпешта и Вашингтон беа затегнати минатата година поради доцнењето на Унгарија со ратификувањето на приемот на Шведска во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.