Македонија
Министерството за информатичко општество потрошило 6,5 милиони евра на тендери на кои најчесто се јавувала само една фирма
Во периодот од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала. До овој податок дошол независен ревизор анализирајќи 18 договори по случаен избор вредни 6,5 милиони евра. На 14, од вкупно 18 тендери, се јавила само една фирма. Во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на Министерството за одредена набавка била иста со сумата што ја понудила одредена компанија. Министерот за информатичко општество, Азир Алиу, кој денес на прес-конференција ги презентира наодите на ревизорите, вели дека во следниот период ќе бара начин да ги поттикне компаниите да даваат свои понуди на огласите.
„Ова влијае на конкурентноста и на изборот. Државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Во наредниот период ќе организираме средби, на кои ќе ги информираме навремено, уште во фаза на анализа на пазарот, сите компании што ќе бидат заинтересирани за да може понатаму во постапките да се заинтересираат и да одговараат на нашите повици“, рече министерот Алиу.
Тој веќе имал средба со претставници на Стопанската комора за овој проблем. Побарал објаснување од компаниите зошто не се заинтересирани за учество на тендерите од државните институции.
„За жал, одговорот од некои од нив е дека немаат доверба во институциите и не трошат ресурси да се пријават. Сега од тендерската документација е очигледно за која компанија е огласот“, вели Алиу.
Се разочарал кога му било посочено дека министерот не може да го прекине процесот иако има само една компанија, која не продолжува на јавно наддавање оти нема со кого да наддава, па смета дека и оваа фаза од постапката треба да се подобри.
Министерот Алиу најави дека и самите ќе прават анализа на склучените договори за да најадат начин за подобрување на состојбите.
Наодите од ревизорскиот извештај, во кој има забелешки и за неекипираноста на Министерството, е објавен и на веб-страницата на Министерството за информатичко општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

