Соопштенија
Промоција на „Цепај сине“, нова книга од Зоран Спасов-Ѕоф

На 25 октомври, во 20 часот, во „Станица 26“, ќе се одржи интергалактичка промоција на новата книга „Цепај сине“ од авторот на бестселери „Зоран Спасов-Ѕоф“. Во улога на водител ќе го видиме Александар Микиќ, а за убавата атмосфера ќе се погрижат специјалниот гостин Драган Мијалковски и групата The Ringtones.
„Цепај сине“ е во издание на „Попули“, дел од „Арс ламина – публикации“. Се работи за толковен заебантски речник во манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе живиш у Скопје“.
Како што вели авторот во описот на книгата: „Стануе збор за еден цепенковистички зборник што кај читателот треба да побуди шегобијни чу’ства, осеќаји, сенсои и филинзи. Ќе прочитате ствари што нит’ сте ги чуле нит’ сте ги виделе. За некои ќе треба да ги прашате вашите родители, доста од нив не постојат ни на ’Гугл‘, а најголемиот дел се непознати чак и за Институтот за македонски јазик. Но, едно е сигурно – или ќе ’цепате‘ или (нема да) живеете“.
Во оваа книга се застапени две илјади поими, изрази и фрази, што на шеговит начин ги претставуваат нашите хумор и менталитет. Целта на авторот е да го реактуализира скопскиот јазик и кај читателите да разбуди некои одамна заборавени чувства.
Средствата од продажбата, како и досега, Зоран Спасов-Ѕоф ќе ги донира во хуманитарни цели.
На оваа ѝ претходат уште пет хит-книги: „Џабе живиш у Скопје“, „Торонто експрес“, „Тито, мојот претпоследен херој“, „Некогаш, некаде“ и „Тибам штркот“.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Визбегово како уредна и поврзана населба со нови тротоари, градинка и мини плоштад

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, оствари средби со жителите на населбата Визбегово, каде што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ги претстави приоритетните мерки од својата програма за овој дел од општината.
„Во Визбегово кога врне и кога не врне е исто – тротоари немаме. Тоа мора да се промени. Мој приоритет ќе биде изградба на тротоари на сите улици и асфалтирање на улиците и нивните краци, за да имаме уредна и безбедна населба. Планираме и поставување лежечки полицајци на повеќе локации за да ја зголемиме безбедноста на пешаците“, истакна Ливриниќ.
Таа додаде дека грижата за животната средина и за животните мора да биде дел од локалната политика, најавувајќи изградба на стационар за кучиња и програми за уредување на јавните површини.
Како дел од визијата за поквалитетен живот, Ливриниќ најави и мини плоштад во центарот на населбата, опремен со урбана опрема – простор за дружење, културни настани и заедништво на жителите.
„Старото училиште ќе добие нова функција – детска градинка. Визбегово заслужува современ и безбеден простор за нашите најмали“, додаде таа.
Ливриниќ рече дека во соработка со Град Скопје, ќе биде воведена и нова автобуска линија Радишани – Визбегово – Карпош, со што ќе се подобри поврзаноста и ќе се намали сообраќајниот метеж.
„Визбегово ќе го направиме пример за тоа како една населба може да биде уредна, безбедна и пријатна за живеење. Ова не се ветувања, туку план кој заедно со жителите ќе го спроведеме“, порача Оливера Ливриниќ.
Соопштенија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го задолжи Прилеп, ги поскапе сметките на граѓаните и го остави градот во темница

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вчера на граѓанска трибина во Прилеп, рече дека од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години градот бил доведен до финансиски колапс, зголемени трошоци за граѓаните и целосна запоставеност на инфраструктурата.
„Изборот во Прилеп никогаш не бил појасен и полесен. ВМРО-ДПМНЕ за четири години го уништи градот. Најголемо признание за хаосот кој го создадоа е фактот што не го кандидираат досегашниот градоначалник и сакаат да направат нова измама – сега нудејќи го Дејан Продановски. Продановски е човекот кој три години претседава со Советот на општината и е исто толку одговорен за хаосот во кој се наоѓа градот како и актуелниот градоначалник. Значи, истите луѓе ви ја бараат довербата, и оваа измама не смее да помине кај прилепчани”, рече Филипче.
Тој потенцираше дека прилепчани четири години плаќаат цена за неспособноста и неодговорноста на локалната власт која направила буквално кражба од прилепчани преку организирано поскапување на сите услуги.
„Овие луѓе заедно ги правеле сите зулуми во Прилеп, заедно го задолжувале градот, ги качувале давачките и краделе од буџетот на општината. Јас сум во шок од бројките и фактите на нивното владеење. Замислете – за 67% се поскапени комуналните давачки за граѓаните, за 28% е поскапена водата за која ветуваа дека ќе ја намалат. Оваа ненародна власт направила буквално кражба од прилепчани преку организирано поскапување на сите услуги и правење сомнителни зделки со приходите,“ рече Филипче.
Лидерот на СДСМ посочи дека градот е оставен во буквална темница, без основни услуги и со неостварени проекти, дури и кога парите биле обезбедени.
„Паркингот е поскапен исто така. Прилеп е, замислете, единствен град кој нема служба за зимско одржување и град кој ноќе е во темница. Каде се парите на граѓаните – тоа е прашањето кое треба да го одговорат. Неспособноста не завршува тука. Дури и доделените пари од Владата на СДСМ во висина од 90 милиони денари за изградба на фабрика за рециклирање отпад не успеале да ги реализираат – ништо немаат изградено,“ посочи Филипче.
Соопштенија
Шабан Салиу ги претстави петте столба од изборната програма за Шуто Оризари

На средба со сопартијци и поддржувачи што се одржа во Шуто Оризари, Демократските сили на Ромите (ДСР) и кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу ги презентираа програмските приоритети за локален развој, конципирани во пет столба: Инфраструктура и урбан развој; Култура, образование и идентитет; Здравје и социјална грижа; Локална економија и нови работни места; Зелено и транспарентно Шуто Оризари.
Во фокусот на дискусијата беа конкретни приоритети за унапредување на јавните услуги, подобрување на локалната инфраструктура и отворање на простор за нови инвестиции и вработувања, со посебен акцент на отчетност и транспарентност во работењето на општината.
„Нашата визија е јасна, а тоа е Шуто Оризари да стане симбол на функционални институции и фер шанса за секое семејство. Петте столба на програмата не се слогани, туку работни задачи со одредени чекори, партнерства и рокови. Ќе ја вратиме довербата преку резултати што се гледаат, а тоа се уредени улици и маала, култура што го чува идентитетот, достапна здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора нови работни места и зелена, транспарентна општина каде секој глас се слуша,“ изјави Шабан Салиу.