Соопштенија
ВМ Трајко Недев: Наградите ќе ги донирам за развој на младинскиот шах
Во текот на септември во Струга се одржа Светското екипно првенство за сениори во шах, каде што им беше дадена можност на возрасните играчи да се натпреваруваат за престижните трофеи, поделени во две категории: играчи над 50 години и играчи над 65 години.
Учеството на ШК Алкалоид како клуб репрезентација ги обедини македонските шаховски легенди кои во минатото беа првенци на националниот тим, а воедно, покрај тоа што во ваков историски состав за првпат настапија на светско првенство, на почетокот беа и четврти носители, што им даде мотив да се борат за првите три места меѓу 22 пријавени репрезентации.
И покрај нерешените исходи со двете највисоко рангирани репрезентации од САД и од Англија, несреќните и минимални порази од Италија и од Исланд се испречија на патот кон трофејот. Од друга страна, пласман на петтото место во светот е реткост во македонскиот спорт и, секако, претставува потврда за квалитетната работа во најтрофејниот шаховски колектив од нашата земја, а покрај ова, гледано поединечно по табли, играчите на ШК Алкалоид беа меѓу најдобрите. Сепак, само на ВМ Трајко Недев му припадна сребрениот медал за играта на втората табла.
– Настапот на екипата на ШК Алкалоид на Светското првенство во категоријата С 50 беше одична можност да се собере состав од играчи кои оставија свој белег во македонскиот шах. Искусни велемајстори и повеќекратни прваци на Македонија – со еден збор, историски состав, шахисти кои доминираа со децении по осамостојувањето на државата. На крајот го освоивме петтото место, иако, реално, покажавме дека немаше да биде незаслужено ако бевме и меѓу првите три. Ова ми е прв настап на ваков сениорски турнир за играчи над 50 години бидејќи годинава ги исполнив критериумите за влез во таа категорија. Долги години наназад, додека во репрезентацијата на Македонија играа најдобрите, јас бев најмладиот и, на некој начин, имав искуство и подготовка како да се поставам кога треба да играм со повозрасни шахисти, вели Недев во својата оцена.
Кога станува збор за неговата игра на ова првенство, несомнено дека триумфот против ВМ Јан Елвест, кој настапуваше за САД, ќе остане како победа за паметење, бидејќи е извојувана над противник што играл на турнирот на предизвикувачите за светската титула, а, дополнително, овој играч освои и златен медал за настапот на третата табла на ова првенство.
– Освоениот сребрен медал е доказ дека и македонските шахисти можат да се борат рамноправно со сите светски величини. На овој турнир имаше специфика што поради релативно нискиот број на учесници, а играни 9 кола, барем 6 партии беа против директни конкуренти за освојување пласман. Би рекол дека на обичен индивидуален турнир помалку партии се играат со ривали кои се директни конкуренти за пласман. Во случајов имав победи над двајца велемајстори, кои, исто така, освоија медали за поединечните достигнувања – Елвест од САД и Петурсон од Исланд – а единственото реми е со ИМ Сапис од Полска, кој беше шести, а загубив од ВМ Годена од Италија, кој освои бронза на втората табла. Ова покажува дека моите противници играле во одлична форма и дека имале резултат за почит.
Иако зад неговото име стојат повеќе освоени титули во Македонија, како и сребрен медал на ЕП во Пловдив, Бугарија, 2003 година и олимписка бронза од Ереван, Ерменија, 1996 година, ВМ Недев е сѐ помалку присутен на турнирите, а повеќе е ангажиран како тренер (со највисоката тутула ФИДЕ Сениор тренер) и како секундант, што зборува за високиот углед што го има во шаховската заедница како одличен аналитичар и познавач на теоријата.
– Овојпат имавме заеднички подготовки во Крушево, каде што заедно со другите членови на екипата работевме на осовременување на нашиот играчки репертоар. Последниве години некако природно се повлековме за да им дадеме повеќе простор на помладите, односно да ги пренесеме нашите знаења на нив, па ни беше потребен период да се посветиме и на себе како играчи. Дополнително, горд сум што овој резултат го постигнавме во годината која е јубилејна за мене, бидејќи 35 години сум член на ШК Алкалоид. Сакам овој медал да им го посветам на младите шахисти, да им служи како поттик за нивните идни достигнувања, а, воедно, да биде потсетник и за Агенцијата за млади и спорт, Шаховската федерација и за клубовите да инвестираат во младите ако сакаат да очекуваат подобри резултати од нив. Сметам дека во Македонија малку се прави во тој сегмент, па затоа најавувам дека секоја награда што ќе ја добијам од институциите кои ги вреднуваат спортските успеси ќе ја вложам во корист на младинскиот шах и во подобрување на неговата сегашна состојба.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.
Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.

Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.
Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.

Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.
Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.
Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.
Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.
ПР
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)

