Регион
Адвокатот на семејствата на жртвите од „Рибникар“: Момчето убиец итно било префрлено во друго одделение, додека малата Ангелина чекала 4 месеци и не добила одговор

Родителите на Ангелина Аќимовиќ, која беше убиена на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, четири месеци пред масакрот побарале таа да биде преместена во друго одделение, но училиштето никогаш не им одговорило. Од друга страна, момчето убиец било префрлено во одделението каде што пукало „итно и нетранспарентно“, беше откриено на денешното судење во граѓанска постапка покрената од приватната тужба на семејствата на убиените против семејството на момче убиец, како и училиштето.
Огњен Божовиќ, адвокат кој ги застапува семејствата на убиените деца, рече дека тие стојат на нивната тужба.
– Добивме информација дека одделението е формирано во прилично нетранспарентна постапка – рече Божовиќ.
Кога станува збор за нетранспарентно работење на училиштето, тој изјави и дека нема евиденција за префрлање на момчето убиец од едно во друго одделение, пренесува „Блиц.рс“.
Тој истакна и дека таткото на Анџелина Аќимовиќ, жртвата на момчето убиец во јануари 2023 година, побарал таа да биде префрлена во друга паралелка, а училиштето никогаш не му одговорило.
-Додека момчето-убиец е итно пренесено без процедура, што укажува на нетранспарентно работење на училиштето – рече тој.
Адвокатот Божовиќ го спомна и лошото воспитување на момчето на убиецот.
– Имаме причина да се сомневаме дека неговите родители ги оправдале неговите отсуства што не требало да се оправдаат – изјави адвокатот.
Тој побарал да добие извештај за сите изостаноци од периодот кога момчето убиец било седмо одделение за да се утврди лошото воспитување на родителите.
Адвокатот Божовиќ побара од Градскиот центар за социјална работа да ги достави сите предмети поврзани со семејството Кецмановиќ.
– Особено образецот за регистрација на сомнение за злоупотреба и занемарување, сите доставени пријави, официјални покани испратени од Центарот до семејството – рече адвокатот.
Адвокатот на семејствата на убиените деца и училишниот чувар побарале да се добие целосна медицинска историја на момчето убиец.
Марина Ивеља, адвокатка која го застапува семејството на момчето убиец предложи судот да ја прекине постапката до завршување на кривичната постапка и изјави дека во кривичната постапка се бара надомест од 100.000 евра по починат, за секој член на семејството.
Таа побара пред изведувањето на доказите да се изврши вештачење на момчето убиец за да се утврдат неговите расудувачки способности во моментот на делото.
Адвокатот Божовиќ истакна дека се противи на прекинување на граѓанската постапка додека не заврши кривичната постапка против Владимир и Миљана Кецмановиќ.
Посочи дека „граѓанското право на одговорност е пошироко од кривичното право и би постоело дури и да се ослободат од обвиненијата“.
Тој рече дека е побарана документација од Министерството за образование и Градскиот центар за социјална работа и рече дека не ја доставиле во законскиот рок.
Меѓу другото, побараа да бидат информирани дали се преземени мерки и активности за усогласување на правилата за безбедност на учениците на училиште.
27 членови од убиените семејства во основното училиште „Владислав Рибникар“ поднесоа тужба против момчето убиец, неговиот татко Владимир Кечмановиќ, неговата мајка Миљана Кечмановиќ и училиштето.
Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.
Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.
На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.
Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.
„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.
Регион
(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија.
„Вечерва малку порано го напуштив Министерството за внатрешни работи, дојдов да ги посетам моите пријатели, министри и борци, луѓето што ја штитат Србија од оние што ја уништуваат секоја вечер. Само сакам да им кажам на луѓето дека ќе ги подигнеме и обновиме просториите на нашите обвинителства, судови и партиски простории. Ќе успееме да го направиме сето ова заедно со народот. Од сите лоши работи што ова ги носи во нашата земја, има едно добро: сите маски паднаа. Луѓето гледаат сè, а нивната нервоза се зголемува, хистеријата се зголемува, немаат што повеќе да понудат. Доаѓа времето на одговорност. Сите оние што палеа, ќе бидат казнети за своите злосторства. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка“, порача Вучиќ.
View this post on Instagram
Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.