Црна хроника
Координирани контроли на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти во Кавадарци, констатирани бројни неправилности

На 21.10.2023 подрачјето на Кавадарци од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци и Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршена е контрола во повеќе угостителски објекти.
При контролата констатирани се неправилности во локалите за што се изречени соодветни глоби, и тоа за неиздавање фискални сметки, за непоседување на книги за дневни финансиски извештаи, за неприкажување промет од македонски производи и неевидентирани парични средства и за непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушењето.
Исто така, од страна на полициските службеници при контрола во еден угостителски објект пронајдени се остатоци од прашкаста материја, а при преглед кај едно лице пронајдено е и одземено пакување со кокаин и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Изгоре „пежо“ во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на 37-годишниот К.М. од село Бучинци, скопско.
Пожарот е изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.