Свет
(Видео) Се појави видео на кое лидерот на Хамас го гледа нападот врз Израел и се клања

Набргу по почетокот на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, почна да кружи видео на водачот на терористичката група Исмаил Ханија во неговата канцеларија во катарската престолнина Доха. Ханија го следеше крвавиот напад на Ал Џезира и се молеше со група други претставници на Хамас.
Да потсетиме, во нападот на Хамас пред две недели беа убиени најмалку 1.300 Израелци, од кои 1.000 цивили. Хамас, според израелските власти, се уште држи како заложници 212 лица.
На денот на нападот Ханија рече дека борбата против Израел се преселила во срцето на „ционистичкиот ентитет“.
„Борбата се пресели во срцето на ционистичкиот ентитет“, рече тој во својот говор.
Тој им порача на пријателските арапски земји дека Израел не може да им обезбеди заштита. Во својот говор на телевизијата Ал Акса на Хамас, тој исто така рече дека вооружените палестински групи се обидуваат да ги шират борбите од Газа до Западниот Брег и Ерусалим. „Ние сме на прагот на голема победа“, рече тој.
The head of the Hamas Political Bureau, Ismail Haniyeh, his deputy, Saleh Al-Arouri, and other members of the Hamas leadership “prostrate in gratitude” for the ongoing attacks against Israel. pic.twitter.com/ACuajF4PTf
— Gianluca Pacchiani (@GLucaPacchiani) October 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа: Се надеваме на директни преговори меѓу Русија и Украина следната недела

Белта куќа изрази надеж дека Русија и Украина ќе се сретнат следната недела во Истанбул и ќе продолжат со директни преговори со цел да се постигне напредок кон завршување на војната, пренесува агенцијата „Анадолија“.
„Колку што јас разбирам, а на тоа и се надеваме, дека Русија и Украина ќе учествуваат во директни разговори и преговори следната недела во Истанбул. Веруваме дека тој состанок ќе се одржи, а тоа е состанок што претседателот го поддржа и силно го застапуваше за двете страни да се сретнат и директно да преговараат“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа додаде дека американскиот претседател, Доналд Трамп, од почетокот на војната јасно ставил до знаење дека сака решение на преговарачка маса, а не на бојното поле: „Тоа им го кажа и на двајцата лидери, и јавно и приватно. Значи, се надеваме дека следната недела ќе направиме чекор напред.“
Левит додаде дека нема планови претседателот да испрати американски претставник на преговорите, но не ја исклучи таа можност.
Втората рунда директни преговори меѓу Русија и Украина е предложена за 2 јуни во Истанбул, откако двете страни се сретнаа на 16 мај. Тогаш, меѓу другото, се договорија за размена на заробеници и за подготовка на нацрт-документи за понатамошни мировни чекори.
Додека Русија најавува дека ќе го претстави нацрт-документот на преговорите, Украина бара да го добие однапред, пред самата средба.
Кремљ го оцени ставот на Украина како неконструктивен.
Свет
Драма на најпрометниот аеродром во Лондон: луѓето во паника поради сомнителен пакет

Еден од терминалите на аеродромот Хитроу беше евакуиран поради „соменителен пакет“, оставајќи илјадници патници во неизвесност.
Патниците беа евакуирани од Терминалот 3 на најпрометниот британски аеродром по дојава за сомнителен предмет во зградата.
Метрополитенската полиција претходно соопшти дека е на терен и дека се справува со ситуацијата.
Портпарол на полицијата изјави за „Д Сан“: „Станува збор за сомнителен пакет и сме на лице место, постапуваме.“
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа и фотографии од луѓе кои сведочат дека биле евакуирани поради безбедносната закана.
Сепак, полицијата подоцна потврди дека станувало збор за „лажна тревога“ и дека повеќе нема закана.
Возовите на „Хитроу експрес“ исто така беа погодени од вонредната состојба – операторот објави на социјалните мрежи дека има доцнења на некои од нивните услуги.
Сè уште не е потврдено дали ќе има доцнења и кај летовите поради евакуацијата.
„Попладнево, нашите тимови реагираа на потенцијално сомнителен предмет во Терминал 3. Како претпазливост, еден мал дел од терминалот беше привремено евакуиран додека надлежните органи ги извршија потребните проверки. Проблемот сега е безбедно решен. Им се извинуваме на патниците за предизвиканата непријатност.“, беше соопштено.
Свет
Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да запре авионот

Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да се изгаси знакот за сигурносен појас по слетувањето, соопшти турската Агенција за цивилно воздухопловство, а пренесува Би-Би-Си.
Агенцијата наведува дека паричните казни се воведени поради поплаките од патници. Новите правила стапија на сила порано овој месец.
Агенцијата предупреди дека е забележано сериозно зголемување на ваквите инциденти, при што многу поплаки се однесуваат на патници кои земаат рачен багаж од преградите над седиштата пред целосното запирање на авионот.
Десетици милиони туристи секоја година ја посетуваат Турција. Воздухопловната агенција соопшти дека комерцијалните авиокомпании сега мора да ги информираат патниците за новите правила за време на летот и да ги пријават оние кои нема да ги почитуваат. Патниците мора да бидат информирани дека не смеат да ги одврзуваат појасите, да стануваат од седиштата и да ги отвораат преградите за багаж пред да се изгаси знакот за сигурносен појас.