Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слабо ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд кои ќе завршуваат во текот на ноќта. Понекаде особено во западните делови врнежите ќе имаат умерен интензитет и ќе има услови за појава на ретки грмежи.
Во четврток и особено во петок се очекуваат врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО партиски штаб на СДС, Јанева добивала насоки а Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски ги извршувале наредбите на Заев
Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски во времето на СЈО се однесувале како авторитети а денес се претставуваат како жртви, додека Кaтица Јанева предметите ги распоредувала по насока на Зоран Заев и СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сведочењето на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу на почетокот на работата на СЈО биле избрани само 7 од предвидените 12 обвинители, а останатите 5 биле приклучени за многу кратко време исклучиво само и само да се обезбеди присуство на Гаврил Бубевски.
Сите чекале амин од Зоран Заев за да се оформи тимот да дојде и Гаврил Бубевски за да започнат со работа.
СЈО било користено исклучиво за да се задоволат интересите на СДС, Заев и врхушката околу него“.
Кадриу, додаваат од владејачката партија, посочува дека постоел договор меѓу Катица Јанева и Заев, каде истакнува настан од 30 декември 2015 година, кога на вработените им било кажано да не доаѓаат на работа и да ги искористат празниците. Таа, како што е наведено во соопштението, била една од ретките кои сепак дошле, и сведочи дека токму тој ден во просториите на СЈО биле присутни Заев, Шекеринска и други лица, кои доставувале материјали што, според неа, незаконски ги примиле Ристоска, Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.
„Ленче Ристоска отворено покажувала воодушевување и симпатии од присуството на Зоран Заев и Шекеринска во СЈО па се поставува прашањето дали тој пристап на Ристовска е пристрасно водење на обвинителството.
За Гаврил Бубевски, Кадриу вели дека самиот се фалел оти ништо не можело да помине во СЈО без негова согласност, дека користел повеќе телефони и преку нив добивал насоки за распределба на предметите, што, според неа, укажува на директно влијание од надворешни, партиски структури врз работата на СЈО.
Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, ”бомбите” и материјалите од Заев ги преземале без никаков записник, што е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите.
Според овие сведоштва, Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска наместо да се претставуваат како жртви треба да превземат одговорност и да се извинат за своите постапки“.
Не смее да се дозволи, додаваат од партијата на Мицкоски, партиски послушници и маши да ги водат правосудските органи.
„Правда и одговорност мора да има“.
Македонија
СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски
Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, истакнуваат од СДСМ.
За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании, како што велат, се потребни околу 200 милиони евра.
„Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците.
Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и поддршка на приватните компании без да им се загрози ликвидноста.
Но Власта го избра својот луксуз наместо егзистенцијата на работниците и не го прифаќа ова јасно и одржливо решение.
Груевски купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра со пари на граѓаните.
Мицкоски носи часовници вредни над 60 илјади евра, или 150 минимални плати, и сега сака авион од стотици милиони евра“.
Според СДСМ, нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа што Владата планира купување нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.
Македонија
ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста.
На Заев и СДС одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните реакции само покажуваат колку директно е погоден за случајот со запленетата марихуана.
Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 додека Филипче беше министер за здравство“.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве, е на фирма во сопственост на луѓе на Заев, додаваат од владејачката партија. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село.
„Тоа е Тони Котев познат како Мгчев кој пак бизнисите ги води со Вице Заев.
Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ?
ЈО да ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

