Спорт
Ајакс го отпушти тренерот
Ајакс од Амстердам е во невидена резултатска криза, поразот од Утрехт се наоѓа во зоната за испаѓање во холандската Ередивизија.
Цехот за лошите резултати го Морис Стајн, пренесува „Де Телеграф“, кој доби отказ.
Стајн ја напушта клупата на Ајакс по само 11 натпревари. Оствари само две победи, со четири нерешени и пет порази.
Невидената резултатска криза може да се оправда со тоа што Ајакс го смени целиот тим.
Клубот го напуштија сите играчи од генерацијата која му донесе многу радост на Ајакс.
Сега се се распаѓа, а навивачите се многу незадоволни и тоа повторно го покажаа против Утрехт со фрлање предмети во теренот.
Според „Де Телеграф“, отказот на Стајн наскоро ќе биде и официјално потврден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хумелс не е во добри односи со Терзиќ, ќе го напушти клубот
Натпреварот во финалето на Лигата на шампионите против Реал, веројатно беше последен за Матс Хумелс во дресот на Борусија. Договорот на 35-годишниот фудбалер истече, а Борусија нема да му понуди нов.
Хумелс зад себе има одлична сезоната, која не успеа да ја круниса и со трофеј во Лиата на шампионите. Блескаше во полуфиналните против ПСЖ, со неговиот гол „милионерите“ го добија реваншот во Париз.
„Немам поим што ќе се случи со мене во јули. Чудно е чувството што не знак каде ќе бидам следната сезона. Ќе одлучам во следните неколку недели. Сè уште е свежо разочарувањето од поразот во финалето“, изјави Хунелс во саботата во Лондон.
Сепак „Билд“, тврди дека Химелс ја завршил својата мисија во Дортмунд. Повикувајќи се на свои извори „Билд“, откри дека Хумелс е отпишан бидејќи со месеци не бил во доби односи со клупските челници, особено со тренерот Един Терзиќ.
Ситуацијата, според овој извор е непоправлива. Пресудата е следна: или Хумелс или Терзиќ мора да го напуштат клубот, јасно е дека тоа ќе биде искусниот фудбалер, за кого ова ќе биде ново разочарување, откако не доби повик во националниот тим за ЕП и поразот во финалето од Реал.
Спорт
Баерн цели кон мега засилување, го сака капитенот на Манчестер
Челниците на Баерн се заинтересирани за капитенот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш, пренесува британски „Сан“.
Британските медиуми пренесуваат дека Баварците стапиле во контакт со менаџерите на португалскиот фудбалер кој има договор со Манчестер јунајтед до 30 јуни 2026 година.
Фернандеш минатата недела изјави дека сака да остане во клубот од „Олд Трафорд“.
Сепак, британските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер јунајтед се уште не одлучиле дали Ерик Тен Хаг ќе биде во клубот и следната сезона. Исто така, се уште не се знае какви ќе бидат амбициите на Манчестер јунајтед во новата сезона.
„Сан“, тврди дека раководството на Баерн е решено да го ангажира Фернандеш, за кого сметаат дека може да биде еден лидерите во германскиот клуб.
Фернандеш (29) е член на Манчестер јунајтед од 2020 година, а оваа сезона за одигра 48 натпревари во сите натпреварувања и постигна 15 голови.
Спорт
Сити подготвиле замена доколу Едерсон го напушти клубот
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, веројатно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Едерсон на „Итихад“ дојде пред седум години. Тој беше еден од првите фудбалери кои дојдоа во клубот заедно со Пеп Гвардиола.
Едерсон е еден од најважните играчи на Манчестер Сити во последните години и е заслужен успешните резултати на „граѓаните“. Како што пренесуваат некои медиуми, дошло до заситеност и Едерсон размислува за потенцијален трансфер во друг клуб.
Дека Манчестер сити е сериозен клуб говори и тоа што веќе нашле потенцијална замена доколку се случи Едерсон да го напушти клубот. Опција за Сити е голманот на Милан, Мајк Мењан.
Францускиот репрезентативец имаше одлична сезона и со години е еден од најталентираните голмани.
Мењан кариерата ја започна во ПСЖ, па се пресели во Лил, а пред три години стана дел од Милан.