Македонија
Османи: Прашање на логистика е дали изборите ќе бидат заедно или одвоено доколку не се изгласаат уставните измени

Опозицијата има можност да го избере датумот и за претседателските и за парламентарните избори доколку ги изгласа уставните измени. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека можноста за избор што ја даваат на опозицијата е фер понуда од страна на владејачката гарнитура.
„Ако ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите. Кога и да сакаат. Денеска, утре, задутре – веднаш по изгласувањето на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна“, рече министерот Османи.
Доколку не се изгласаат уставните измени, остануваат редовните термини за изборите следната година, а дали ќе бидат заедно или одвоено е само прашање на логистика, техника.
„Мислам дека во тој случај редовните термини треба да бидат земени предвид и мислам дека станува прашање веќе на технички, логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички процени. Политичка процена е оваа понуда, нека ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат денот на избори кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори. Дали ќе бидат заедно, дали ќе бидат одвоено, тоа е прашање на логистика, техника и повеќе процени на политичките партии, да најдеме одреден консензус“, вели министерот Османи.
Тој не даде конкретен одговор на новинарско прашање дали за него е прифатлив предлогот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицковски, изборите да се организираат в година во април меѓу Велигден и Рамазан-бајрам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.