Црна хроника
Кривична за 23-годишна скопјанка, која нелегално тргувала со отпад
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад.
При извршена контрола на 27.7.2023, од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир, на самото место е затекната пријавената како неовластено тргува со отпад, без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Карпош: приведени две лица поради тепачка, а се заканувале и со остар предмет
Вчера попладне во скопски Карпош, полицијата ги приведе М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Брат ја нападнал сестра си во Скопје
Шеесет и деветгодишна жена пријавила дека синоќа на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брат Ѓ.З.(67) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанец нападнат во кафуле на Бит Пазар, искршен и инвентарот
Синоќа дошло до инцидент во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од МВР, 56-годишен скопјанец бил нападнат од две лица – Ј.О. и М.Н., кои потоа заедно со уште две други, пред објектот оштетиле и инвентар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.