Соопштенија
Делегација на романската амбасада во посета на „Алкалоид“
Делегација на романската Амбасада во Скопје, предводена од Aмбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте, оствари работна посета на АЛКАЛОИД АД Скопје. Во своето воведно обраќање од официјалниот дел на средбата, Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, ги претстави компанијата, нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, постигнатите резултати од работењето, како и континуираните вложувања низ годините, осврнувајќи се и на големиот број проекти во делот на општествената одговорност.
Истакнувајќи ја главната стратешка определба на компанијата – глобализација на брендот АЛКАЛОИД – во рамките на средбата посебно беше нагласена важноста на извозните пласмани и на стабилната пазарна позиција. Ставајќи акцент врз извозот во Европската Унија, каде што компанијата пласира 21 % од своето производство, Мукаетов ја истакна стратешката важност на романскиот пазар како еден од најбрзорастечките пазари на АЛКАЛОИД, каде што, по неколкугодишно присуство, во 2022 година компанијата регистрираше сопствено друштво во Букурешт.
Во делот на остварените резултати на пазарот во Романија, консолидираните продажби од над 8,5 милиони евра, реализирани во првите три квартали од 2023 година, бележат раст од 63 % во споредба со истиот период лани. Компанијата е присутна со палетата на фармацевтски производи и на производи за хемодијализа.
Водечки производ на АЛКАЛОИД на романскиот пазар е цефалоспоринскиот антибиотик „Панцеф“ (Цефиксим), кој во Романија има трговско име Xifia и кој е меѓу петте најпродавани водечки антибиотски брендови на тамошниот пазар.
АЛКАЛОИД има долгогодишна и успешна стратешка соработка со романски компании, меѓу кои Terapia S.A. (дел од индиската Sun Pharma), како и MagnaPharm. Членовите на делегацијата, предводени од амбасадорката Аксинте, при обиколката на производствените капацитети од сегментот фармација, имаа можност непосредно да се запознаат со високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот кадар кој управува со процесите, како и со најсовремената опрема и со модерните услови за работа на Институтот за истражување и развој на АЛКАЛОИД.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Шефот на НАТО: Украина ќе влезе во НАТО, така е одлучено во Вашингтон
„Украина ќе стане 33. или 34. членка на НАТО, кој во моментот има 32 членки“, изјави неодамна назначениот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел.
„Во моментот се чини дека Украина ќе влезе како 33. членка, но пред неа може да влезе некој друг. Но, Украина во иднина ќе биде членка на НАТО. Така решивме во Вашингтон“, изјави генералниот секретар на НАТО, пренесуваат медиумите во регионот.
„Шведска, планот на Украина за победа, но и нејзиното идно членство во НАТО“, одговори шведскиот министер за одбрана. Тој истакна дека планот за победа ќе биде разгледан на вечерна средба во Брисел.
„Украина е на неповратен пат кон полноправно членство во НАТО, што е многу важно. Имаме многу да научиме од Украина кога станува збор за одбранбените иновации. Украина исто така има силни вооружени сили“, рече тој.
Соопштенија
Македонскиот концепт е против законот за правична застапеност: „ Успехот да биде единствен критериум“
Mакедонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност. Од партијата велат дека се залагаат за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат.
„Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век!
Правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост. Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува.
Ние сме за еднаквост во можностите, а не во резултатите. Затоа мерит системот е нашиот водич. Системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци. Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19-тиот век не гради иднина за 22ри век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања“, велат од партијата.
Соопштенија
Меккен Скопје е „Адриатик Агенција на годината“ и добитник на сребрена и бронзена награда за кампањата „Стартап пакет“ на Халкбанк
Агенцијата Меккен Скопје е прогласена за „Адриатик Агенција на годината“ на овогодишниот фестивал Голден Драм, кој се одржа минатата недела во Порторож. Ова престижно признание, заедно со сребрената награда во категоријата креативна ефикасност и бронзената во категоријата надворешно рекламирање за кампањата „Стартап пакет“ на Халкбанк се резултат на посветеноста на Меккен Скопје кон иновации и извонредност во рекламната индустрија.
„Овие признанија се огромни за нас и за нашиот клиент Халкбанк, тие се доказ за трудот и страста на нашите тимови. Наградите ја потврдуваат нашата посветеност кон квалитет и способност да создаваме влијателни, уникатни и паметни комуникациски решенија што се поврзуваат со нашата целна публика и му помагаат на клиентот во остварувањето на своите бизнис-цели. Наградите се фактор плус во остварувањето на нашата визија да бидеме најпосакуваниот комуникациски и креативен партнер“, изјави Бојан Кочовски, директор на Меккен Скопје.
Овогодишното издание на фестивалот уште еднаш на едно место ги собра најдобрите идеи, најдобрите тимови и најдобрите креативци од целиот свет. Проектите на Меккен Скопје и Халбанк се единствените од Македонија што се пласираа како финалисти. Во конкуренција на повеќе од 1.000 пријави од околу 200 агенции од целиот свет, интернационалното жири составено од 56 исклучителни професионалци им ги додели сребрената и бронзената награда, а Агенцијата ја доби најпрестижната награда на фестивалот, „Адриатик Агенција на годината“.
Меккен Скопје е една од најголемите и најуспешни маркетинг-агенции, присутна во Македонија 27 години. Во своето портфолио ги вклучува едни од најреномираните интернационални и домашни компании и брендови. Дел е од интернационалната Меккен мрежа, McCann Worldgroup, која исто така на Голден Драм доби престижна награда ‘’Најдобра агенциска мрежа’’.
Фестивалот Голден Драм во Порторож е најреномираниот годишен настан во нашиот регион, во Европа и пошироко, кој ги слави креативноста и иновациите во рекламната и комуникациската индустрија. Традиционално, секоја година на едно место ги обединува најдобрите светски агенции и професионалци со цел да ги претстават своите исклучителни кампањи, да разменат идеи, да дискутираат за трендови и да се дружат.
Погледнетe ја наградената кампања ‘’Стартап пакет’’ на следниoв линк: