Црна хроника
Истраги против двајца дилери од Скопје: едниот одгледувал канабис на кат од куќа, а другиот оставил дрога во канти за отпад
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истраги против две лица за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во првиот случај, 42-годишен скопјанец е осомничен дека во периодот од мај до октомври годинава, на вториот кат во куќата во која престојувал на улицата Тиранска, опремил простории за одгледување и сушење канабис, набавил семки од растението и го одгледувал, со цел неовластено производство на наркотична дрога – марихуана и хашиш.
При претрес во домот биле пронајдени 291 стебло канабис со поединечна висина од 10 до 33 сантиметри, засадени во посебни саксии во просториите во кои биле инсталирани системи за наводнување и за вештачко одржување светлина и температура.
Против 32-годишен скопјанец, пак, истрага е поведена затоа што на паркинг пред зграда во Влае неовластено пренесувал амфетамин со вкупна нето-маса од 2048,2 грама, како и 2,17 грама кокаин и осум таблети МДМА – 3,4 метилен диоксиметамфетамин. Дрогата ја оставил во заграден простор наменет за канти за собирање смет и се оддалечил, но полициските службеници го сопреле и ја заплениле дрогата.
За двајцата осомничени до Основниот кривичен суд Скопје се доставени предлози за определување мерка притвор бидејќи надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи за притворска мерка како неопходна за непречено водење на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

