Црна хроника
Пак пукање во „Ист гејт“, посетителите во паника го напуштаат трговскиот

Повторно имаше пукање во трговскиот центар „Ист гејт мол“. Посетителите во паника бегаат и го напуштаат трговскиот.
Полицијата е на терен и дополнително ќе испратат нови информации.
Неофицијално станува збор за пресметка меѓу две мафијашки групи.
Ваков настан имаше и кон крајот на август кога непознати лица од возило пукаа кон друго лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач од Струшко: управувал возило под дејство на алкохол

Утрово во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен Унгарец на Табановце, пронајдена дрога во возилото што го управувал

Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода 47-годишниот Ц.З. од Унгарија.
При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лишен од слобода 39-годишник од Пробиштип, возел пијан

Ноќеска во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 39-годишниот О.Т. од Пробиштип.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .