Свет
„Во кој свет живееш?“ – израелскиот министер го критикуваше шефот на Обединетите Нации
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен денеска го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за неговите изјави за нападите на Израел врз Газа, прашувајќи го „во кој свет живее“.
„Господине, генерален секретар, во кој свет живеете? Тоа дефинитивно не е наш свет“, изјави Коен на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Гутереш претходно повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и нагласи дека страшните напади на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ.
„Ниту една страна во вооружен конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации.
Тој посочи дека нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври не се случија „во вакуум“ и нагласи дека палестинскиот народ е под окупација 56 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Новогодишната елка стигна во Њујорк: висока е над 22 метри, а за да се накити се потребни 8 километри сијалички
Новогодишната елка од Центарот Рокфелер пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната сезона во Големото јаболко.
Норвешката смрека од 22,5 метри беше донесена во Центарот Плаза на Менхетен и подигната со кран. Ќе бидат потребни околу 8 километри сијалички со повеќе од 50.000 разнобојни LED светилки за да се завитка дрвото, чиј дијаметар 13 метри.
Ѕвездената круна со 3 милиони кристали ќе биде на врвот.
Ова е првата новогодишна елка од Центарот Рокфелер што доаѓа од Масачусетс од 1959 година.
Беше пречекана од дестици луѓе кои го снимаа чинот на поставување.
Церемонијата на осветлување е закажана за 4 декември.
Свет
(Видео) Украина лансираше моќно оружје кон срцето на Русија, затворени аеродроми поради масовен напад
Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала во Москва, што е најголемиот напад со украински беспилотни летала досега. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во главниот град на Русија.
Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека 12 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во Московската област, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.
⚡️ Explosions were heard in the russian city of Bryansk last night due to a drone attack and a fire broke out, — according to russian media.
The governor of the Bryansk region, Bogomaz, claims that 14 UAVs were allegedly shot down and says that "there are no casualties or… pic.twitter.com/40Py3td69b
— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) November 10, 2024
– Во тек е масовен напад – рече тој и додаде дека досега се уништени 22 беспилотни летала кои се движеле кон Москва.
Собјанин на каналот Телеграм напиша дека, според прелиминарните податоци, нема жртви или уништување на местата каде што паднале остатоците од беспилотните летала.
Суспендирани летови на два аеродроми во Москва
На аеродромите Домодедово и Жуковски во Москва летовите беа привремено прекинати поради напади со украински беспилотни летала, додека аеродромот Внуково работеше нормално.
Руските системи за противвоздушна одбрана претходно соборија 23 украински беспилотни летала над четири региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе РИА Новости.
I could not refuse myself posting every single video of Ukrainian drones flying in the sky over Ramenskoye, Domodedovo and Kolomna near Moscow.
I personally think that having passenger airports finctional during the war in russia is an unnecessary luxury. https://t.co/BtjbNwUYYf pic.twitter.com/PEygVDgTYK— Olga Klymenko (@OlgaK2013) November 10, 2024
– Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 23 украински беспилотни летала: 17 над територијата на регионот Брјанск, три над територијата на Ростовската област, два над регионот Белгород и еден над регионот Курск – се вели во соопштението.
Во Брјанск нестанбени згради се запалија поради напад со дрон, изјави шефот на регионот Александар Богомаз.
Свет
Борел: ЕУ работи на 15-тиот пакет санкции против Русија, целта е изолација
Европската унија работи на 15-тиот пакет санкции против Русија, кои ќе ги зајакнат мерките против заобиколувањето на постоечките санкции, со цел да се изолира руската индустрија од увозот, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих во Киев.
„Спомнав санкции на почетокот на нашиот разговор. Да, работиме на 15-тиот пакет против Русија, со цел да воведеме мерки против заобиколување на санкциите бидејќи Русија не може да произведува без странски делови, странски чипови и други компоненти“, рече Борел, објави веб-страницата на Европската унија.
Тој додаде дека целта на санкциите е да се изолира индустрискиот капацитет на Русија од компонентите што треба да ги увезат од остатокот од светот.