Македонија
Превентивни активности на МВР: „Кажи ‘не’ на дрогата, ‘да’ на животот“, „Вози одговорно, стави појас“

Во текот на вчерашниот ден превентивни активности беа реализирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Штип и Битола, извести МВР.
„Притоа, во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за недозволена трговија со дрога и од Полициската станица од општа надлежност при СВР Штип, во општинското средно текстилно училиште ‘Димитар Мирасчиев’ во Штип, спроведоа превентивно едукативно предавање ‘Кажи ‘не’ на дрогата, ‘да’ на животот’, а полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа едукативна работилница со ученици од ОСУ ‘Кочо Рацин’ во Свети Николе, посветено на темата ‘Трговија со луѓе и илегална миграција’. Покрај ова, на подрачјето на ОВР Делчево полициски службеници од оваа организациска единица при СВР Штип спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот ‘Вози одговорно, стави појас’“, соопшти МВР.
На подрачјето, пак, на СВР Битола, поточно во Крушево, како и во околните населени места, полициски службеници при ОВР Крушево реализираа едукативно-превентивна активност „Сигурноста и безбедноста на граѓаните – наша обврска“, се додава во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.