Македонија
Сообраќајот во државата се одвива непречено, по претежно суви коловози
Од 24 октомври почна со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид – Свети Наум). Сообраќајот се одвива непречено и е регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен
Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите основци и бесплатни ранци за првачињата
Општина Кисела Вода и во новата учебна година ја продолжува мерката за бесплатни униформи за сите 5600 основци и бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче. Како што истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, овие два проекти освен што го олеснуваат финасискиот товар за семејствата, значително ги намалуваат нееднаквостите во училиштата.
-Првиот училишен ден за првачињата, но и за сите ученици од основните училишта воопшто, значи голема возбуда за нив и за нивните родители. Водени од тоа дека сѐ поскапиот живот во Македонија носи големи грижи и финансиски товар за семејството, посебно кога има еден или повеќе ученици на кои треба да им се обезбеди чанта, прибор и сѐ она што е неопходно за наставниот процес, го продолжуваме проектот ,,Ранче за секое прваче”. Сите над 600 првачиња од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно ранче, тетратки и прибор на првиот училишен ден. Драго ми е што овој проект кој изворно започна од Кисела Вода, силно оддекна низ целата држава и го препознаа и другите колеги градоначалници со што и тие се одлучија првиот училишен ден да биде запометен по убави спомени и радост. Бесплатни униформи ќе добијат и сите над 5600 ученици од основните училишта од Кисела Вода.
Ова е исто така значаен проект, посебно во услови кога социјалните разлики се доста изразени, а огромните разлики во финансиската моќ на родителите знаат да бидар извор на поделби, па дури и булинг. За таа цел, и оваа година ја продолжуваме мерката за бесплатни униформи која искуството од лани покажа дека значително се намалуваат нееднаквостите во училиштата. Ова исто така значи и стандардизација во кодексот ја облекување, што е и пример во високоразвиените земји. Секој ученик од прво до деветто одделение во новата учебна година повторно ќе добие бесплатна униформа бидејќи единственото поле за натпревар на децата треба да биде знаењето, а не финансиската моќ. Креираме средина врз база на кариерен напредок за сите дечиња, тоа е нашата цел.
Влогот во најмладите е влог во иднината- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива
На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија, информираат од Алтернатива.
„Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата“, се истакнува во партиското соопштение.
Пред тоа, согласно статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши го овластил потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот наАлтернатива.