Македонија
„Груби во центарот на нов скандал – сомнителен е тендерот од 2,6 милиона на Лотаријата со компанијата со конекции на кланот од Зајас“, велат ВМРО-ДПМНЕ
„Ковачевски нека не се прави домазет во својата Влада, слика има, тон нема. Пред носот му се случува скандал, а тој молчи затоа што не смее да му зуцне ништо на Артан Груби. Имено, Груби е централниот лик во новата шема, со која 2,6 милиона евра народни пари ќе се одлеат во џебот на негов близок соработник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во Министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Објектот е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис-партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик, кој е близок до кланот од Зајас, во февруари го купил објектот и, за чудо, за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотаријата. Истиот овој Машовиќ е бизнис-партнер и со Шабан Амзовски, кој е член на управниот одбор на Државната лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен.
Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис-шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледаат дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис-империја и станаа милионери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

