Македонија
Првиот извештај за имплементацијата на стратешкиот дијалог Северна Македонија – САД пред Владата
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на вчерашната седница на Владата го презентира првиот извештај за статусот на имплементација на проектите од планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Извештајот е подготвен од Министерството за надворешни работи како координатор на целокупниот процес врз основа на кварталните извештаи за реализирани активности доставени од страна на надлежните министерства, владини институции и агенции.
Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан, која одржа стратешки дијалог со САД на 2 јуни минатата година во Вашингтон. Со тоа билатералните односи меѓу двете земји се издигнаа на повисоко ниво зајакнувајќи ги стратешкото партнерство и долгогодишното сојузништво меѓу двете земји. Во рамките на првиот состанок на стратешкиот дијалог беа дефинирани повеќе области, пред сè, од билатерално значење, но и од регионален и глобален интерес. Како клучни области за соработка беа посочени: регионални иницијативи; одбрана и безбедност; врски меѓу луѓето; билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото; трговија и инвестиции итн., соопшти МНР.
„Целта на стратешкиот дијалог е преку потесна соработка да се зајакне придонесот на САД во рамките на спроведувањето на домашната реформска агенда, зајакнување на демократскиот напредок и развој на земјата, зголемувањето на нивото на безбедноста, подигнување на животниот стандард на граѓаните, како и остварување на заемните интереси на двете земји од регионален и глобален аспект.
Од овој аспект, во рамките на стратешкиот дијалог, во областа регионални иницијативи остварена е потесна соработка и обезбедена поддршка од САД за нашите претседавања со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) како и САД – Јадранската повелба (А5). Двете земји имаат заеднички интерес за подлабоко присуството и на САД на Балканот како еден од најважните двигатели на развојот и стабилноста на регионот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
„Во изминатиот период во делот одбрана и безбедност преку стратешкиот дијалог беа одржани заеднички обуки и вежби со САД, вклучително и со регионалните сојузници; обезбедена беше американска поддршка за континуиран развој на способностите на Северна Македонија за постигнување на НАТО-целите, како и соработка за јакнење на способностите за сајбер-одбрана.
Преку проектите од областа врски меѓу луѓето се работи на јакнење на образовната соработка, како и подигнување на свеста за медиумската писменост, што е значајно за градење општество, кое ќе бара отчетност од јавните институции. Дополнително, зајакната соработка во рамките на културната размена ќе придонесе за поврзување на народите од двете земји, како и за развојот на нашите уметници и нивно претставување на светската сцена.
Соодветно на веќе утврдените приоритети, во тек е реализацијата на проектите и во делот билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото, со посебен акцент на борбата против корупцијата, за што веќе беа реализирани и многубројни посети од високи претставници на САД.
Во рамките на извештајот беше нотирана и зајакнатата соработка во рамките на стратешкиот дијалог во деловите трговија и инвестиции, бизнис-соработка, здравство итн.“, се наведува во соопштението на МНР.
Министерството за надворешни работи ќе продолжи да го следи текот на реализација на планот на активности во рамките на стратешкиот дијалог и редовно да информира на Влада за статусот на реализација на проектите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.

