Свет
Доброволците го осудија синот на Нетанјаху поради тоа што останал на Флорида

Израелските војници, кои доброволно се пријавија да учествуваат во војната против Хамас, го осудија синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за престојот во САД, каде што се пресели на почетокот на оваа година по почнувањето на војната со палестинската милитантна група, пренесуваат медиумите во светот.
Стотици Израелци се вратија дома од странство откога армијата регрутирала повеќе од 300.000 резервисти да се борат во најголемата мобилизација во историјата на Израел, објави „Дејли мејл“.
„Жаир ужива во својот живот на Мајами Бич додека јас сум на фронтот“, изјави еден војник, кој побара да остане анонимен од безбедносни причини.
Војникот рече дека луѓето одат на фронт и ги напуштаат своите семејства и работа, а Жаир остана да ужива на плажата на Флорида, каде што се пресели оваа година.
„Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, рече војникот.
Иако никогаш не бил војник, Жаир ја отслужил својата задолжителна воена служба и работел во единицата на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), според написите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Еквадор е воведена вонредна состојба, немирите ескалираа на улиците

Еквадорскиот претседател, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во десет од 24 провинции во земјата поради внатрешни немири предизвикани од протестите на заедницата на староседелци поради зголемувањето на цените на дизелот, јавуваат денеска медиумите.
Како што се наведува во декретот на Нобоа, овие протести станале насилни, па вонредната состојба била воведена со цел да се избегне нивната понатамошна радикализација, пренесува агенцијата Ефе.
Тој додаде дека за време на насилните демонстрации, припадниците на полицијата и војската биле нападнати, а некои од нив биле киднапирани и физички малтретирани.
Нобоа забрани јавно собирање во десет провинции, додавајќи дека мирни протести ќе бидат дозволени доколку не ги загрозуваат правата и слободите на другите граѓани.
Меѓу причините за воведување на овие мерки, кои ќе важат 60 дена, тој ги наведува и неодамнешните изјави на претседателот на Националната конфедерација на староседелечки народи (CONAIE), Марлон Варгас, кој предупреди дека протестите може да ескалираат и да доведат до заземање на главниот град Кито, ако нивните барања не бидат уважени.
Свет
Хрватот кој беше уапсен поради летање дрон близу аеродромот во Франкфурт се соочува со казна до 50.000 евра

Германската полиција презеде мерки против 41-годишен хрватски државјанин поради управување со дрон во зона забранета за летови во близина на аеродромот во Франкфурт.
Портпаролот на полицијата во Франкфурт изјави за ДПА дека нема докази дека уапсениот маж е поврзан со Русија.
Човекот им рекол на полицајците дека „само сакал да го испроба својот нов дрон“.
Хрватскиот државјанин се гони за прекршок и се соочува со парична казна. Во Германија, летовите со беспилотни летала над чувствителни области како што се аеродроми, затвори или воени бази се строго забранети. Казните за нелегални летови се до 50.000 евра.
Уште посериозно, ако се утврди дека летот претставувал опасна интервенција во воздушниот сообраќај, сторителот се соочува со затворска казна од шест месеци до десет години.
Свет
Трамп: Хамас ќе се соочи со тотално уништување ако не се согласи со планот за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „тотално уништување“ ако одбие да ја предаде власта и контролата врз Газа.
„Тотално уништување!“ , рече Трамп за Си-Ен-Ен, кога го прашаа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт.
На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува прекинувањето на бомбардирањето на Газа и пошироката визија за САД, Трамп за Си-Ен-Ен изјави: „Да, Биби е за“.
Американскиот лидер додаде дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот.
– Ќе дознаеме. Само времето ќе покаже – одговори Трамп.
Овде прочитајте што содржи планот на Трамп за прекин на војната во Газа составен од 20 точки.