Скопје
(Видео) Американка разочарана од Скопје: За 5 минути возење со такси, ми наплатија 20 долари како да сум во Лос Анџелес
Тиктокераката Лена Сноу од Америка на социјалната мрежа сподели искуство како си поминала додека престојувала во Македонија. Инаку, таа патува низ светот и постојано споделува искуства од земјите што ги посетила. Сноу за Македонија, особено за главниот град ,има негативен впечаток.
Таа во своето видеообраќање вели дека Македонија е земјата што најмалку ѝ се допаднала од сите европски земји што ги посетила.
„Македонија, дефинитивно, е број еден. Но, не целата држава, туку конкретно главниот град Скопје. Ова беше едно од најлошите патувачки искуства што сум ги имала. Во мигот кога останав сама, луѓето буквално свиреа од автомобилите по мене, ми довикнуваа на улиците. Си реков: ‘Ова е премногу’“, вели Лена Сноу.
@sowonthego Replying to @nanimie I’m fine with a tourist tax, I’m not okay with being forced to pay an egregious amount with no way out bc I’m a tourist locked in a vehicle #travel #traveltok #solotravel #solofemaletraveler #blackgirltiktok #blacktravel #blackwomentravel #blacktravelfeed #blacksolotravel #bipoctravel #woctravel #northmacedonia #macedonia #skopje #tourist #touristscam #americansbroad ♬ original sound – Lena | Solo & Budget Travel
Чувството за небезбедност и наплаќање висока цена на нелегалните таксисти како да се возиш во Лос Анџелес ја натерало тиктокераката Лена да има негативно туристичко искуство во Скопје.
„Покрај тоа што велам дека е небезбедно, има премногу нелегални такси-возила. Во ред е тоа што ми наплаќаа повеќе бидејќи навикната сум да го плаќам ‘туристичкиот данок’, но не е во ред тоа што ме тераа да платам огромна сума без излез, значи, јас сум турист затворен во возилото. Ако таксито реално чини 3 долари, во ред е ако ми наплати 6 долари, двојно повеќе. Но, да ти наплати 20 долари за 5 минути возење е лудо. Лудо е тоа што ми наплаќаа повеќе од тоа што би го платила во голем град, како Лос Анџелес, каде што живеам. Правам споредба бидејќи ЛА важи за град со високи цени. Тој е голем град, но Скопје е многу помал и ми наплаќаат десет пати повисока цена. Нема начин како да се движите во градот бидејќи е тешко да најдете сигурно такси, особено ако не зборувате македонски. Значи, заглавени сте. А за мене тоа е многу небезбедно и не можам да го поднесам“, го сподели Лена искуството на „Тик-ток“.
Но, не е сè така црно. Лена сподели и позитивни впечатоци од Македонија. Од Охрид била воодушевена, но на сите оние што имаат план да го посетат Скопје им вели дека треба да го прескокнат.
Од своето патување во Македонија таа сепак пренесува и позитивни впечатоци. За разлика од Скопје ,каде што вели дека никогаш повторно нема да се врати, на Лена ѝ се допаднал Охрид и го препорачува како убава дестинација.
„Слушнав и од многу други жени дека исто така имале такви чудни искуства и не би можела да го препорачам. Никогаш, никогаш нема да се вратам“, вели Лена Сноу во видеото на „Тик-ток“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

