Свет
(Видео) Ураганот Отис стигна до мексиканскиот брег, предупредување за жителите да останат на безбедно
Ураганот Отис стигна до брегот на Мексико, недалеку од познатото летувалиште Акапулко на брегот на Пацификот, соопшти Американскиот национален центар за урагани (NHC).
„Сателитските снимки покажуваат дека Отис пристигнал недалеку од Акапулко околу 8.25 часот“, соопшти НХЦ истакнувајќи дека ветровите достигнале брзина од 270 километри на час.
WATCH: Conditions worsening in Acapulco, Mexico as Category 5 Hurricane Otis moves ashore pic.twitter.com/qIcJKJxD4U
— BNO News (@BNONews) October 25, 2023
Ураганот Отис, со максимална јачина 5 на скалата Сафир-Симпсон, е потенцијално катастрофален, но може да ослаби додека се движи понатаму кон брегот, според прогнозите на NHC.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор објави предупредување до жителите на социјалната мрежа X да останат на сигурно место.
Струјата беше исклучена како мерка на претпазливост во Акапулко, каде што ураганот донесе силен дожд и силен ветер.
Училиштата се затворени, а туристичките агенции ги прекинаа сите активности планирани за денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Хоншу во Јапонија.
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа кај островот Хоншу во Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, на 77 километри североисточно од градот Ишиномаки на островот Хоншу.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.
Свет
Русија собори 39 украински беспилотни летала над руска територија
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана неутрализирале повеќе од триесетина украински беспилотни летала над седум региони на Русија, соопшти Министерството за одбрана.
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 39 украински беспилотни летала“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Се наведува дека 24 беспилотни летала биле соборени над Ростовската област, пет над територијата на Брајанск, три над регионот Белгород и над регионот Курск, еден над регионите Ориол и Воронеж и два над Крим.
Свет
Четворица полицајци загинаа во судир со демонстранти во Пакистан
Четворица пакистански полицајци загинаа денеска во главниот град Исламабад во судир со демонстрантите кои бараат ослободување на поранешниот премиер Имран Кан, кој е во затвор, соопштија властите.
Некои од возилата во колоната на демонстрантите кои оделе кон Исламабад прегазиле припадници на службата за безбедност и во таа прилика убиле дел од нив, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.
АП објави дека најмалку шест лица загинале во насилство поврзано со протестите.